Кое домашно милениче е идеално за Вашиот знак?


Како што ѕвездите и планетите можат да одредат какви љубовни партнери најмногу нѝ одговараат, тие исто така откриваат и кои домашни миленичиња се идеални за секој знак посебно.

Во друштво на кое животно најмногу уживаат Овенот, Бикот, Близнаците, Лавот и другите знаци, дознајте во продолжение.

Овен

На Овенот никогаш не му е здодевно и ретко кога одмара. Тие секогаш се полни со енергија и ентузијазам за животот, полн со авантури. Нивната енергичност нема граници, а поради тоа такво треба да биде и нивното идеално домашно милениче.

Енергичното куче со среден раст ќе биде пресреќно кога ќе доаѓа со Вас на пешачење или трчање.

Бик

Зависни и тврдоглави по природа, Биковите сакаат многу внимание. Затоа златниот ретривер, лабрадорот и другите видови на исклучиво дружељубиви и верни миленичиња ќе ја задоволат Биковата потреба од верен пријател.

Совршен избор е и мачка која обожава да се гали, како што е расата шкотски фолд, кое целото внимание ќе го насочи кон сопственикот.

Близнаци

Досетливите и остроумни Близнаци ги стимулираат интелектуални разговори и возбудливи задачи. Овој знак сака интелигентни предизвици, па затоа идеално милениче се животните кои можат да зборуваат – папагалите.

Исто така, сијамските мачки се идеални за Близнаците. Тие брзо размислуваат, а добро е да ги набавите во пар, за поголема забава во домот.

Рак

Раковите се многу чувствителни луѓе кои сакаат да се грижат за другите. Поради тоа, малите слатки хрчаци се идеални за чување и ја задоволуваат потребата од грижа на Раковите.


Лав

Страствените Лавови сакаат да бидат во центарот на вниманието и сакаат да издвојуваат пари на скапи работи. Затоа тие бараат домашно милениче кое ќе ја задоволи нивната потреба да бидат “главни”.

Идеалното животно за овој знак е мачка со долго влакно, со која добро ќе се сложуваат бидејќи и лавовите припаѓаат во фамилијата на големи мачки. Лавот мрази здодевност, па затоа добар избор би било и куче со средна големина како кокер шпаниел, посебно ако успее да го научи некој трик.

Девица

За педантните Девиди, миленичињата кои создаваат најмалку неред во домот се најдобар избор. Тие сакаат друштво, но не по цена на својата удобност. Најдобриот крзнен пријател на овој знак би било куче кое не бара многу одржување (долгото влакно не доаѓа предвид).

Исто така, добар избор се и рибите, кои и покрај сите предрасуди, знаат да бидат добро друштво. Докажано е дека рибите реагираат на човековиот глас.

Вага

Вагите се љубители на естетиката и сакаат сè околу нив да е убаво, а со тоа и нивното милениче. Затоа персиската мачка е одличен избор за овој знак.

Шкорпија

Овој моќен знак сака да одржува доза на мистичност. Под мирната и тивка Шкорпија секогаш се крие исклучително страствена личност.

Паметните, кралски мачки или грандиозните раси на кучиња се миленичиња кои најмногу им одговараат на Шкорпиите, како што се сијамската мачка или дога. Најхрабрите Шкорпии најмногу би уживале во друштво на рептили.


Стрелец

Спонтаните и слободоумни Стрелци, често во последен момент знаат да отпатуваат некаде или да отидат на некоја авантура во природа. Поради тоа, тие имаат потреба од милениче кое не бара многу внимание и грижа.

Желката или рибите се идеален избор за Стрелците, а доколку имате потреба од милениче кое ќе го водите со себе на своите патувања, идеален сопатник за Вас е кучето.

Јарец

Јарците сакаат напорно да работат и никогаш не им претставува проблем да вложат додатен напор за да стигнат до својата цел. Тие се независни по природа, а со тоа бараат и такво милениче.

Затоа кучето не е идеална опција за нив, но мачките, посебно персиската, можат да бидат. Мачката ќе биде гордост на Јарецот.

Водолија

Помалку ексцентричните Водолии сакаат необични домашни миленичиња, како што се глодарите, рептилите или егзотичните папагали. Само имајте на ум секогаш да имате некој на кој можете да сметате дека ќе се грижи за Вашиот миленик, кога Вие сте отсутни од домот.

Риби

Рибите се најголемите романтичари од сите знаци, кои сакаат многу љубов и внимание. Затоа тие најмногу уживаат во друштво на преслатко зајче кое ќе можат да го галат со часови.

Исто така, добар избор е и мачка или големо куче, кое со своето топло крзно ќе ги грее во текот на студените зимски денови. Но, во категоријата на домашни миленичиња за овој знак влегуваат и рибите, од сосема очигледни причини.


No comments

Powered by Blogger.