Направил вазектомија, а потоа открил дека неговата сопруга е бремена - следело изненадување на животот

Пишува; Точка

Иако се чини дека е речиси невозможно, Американецот Тим Брумел дознал дека неговата сопруга Рејчел е бремена и после неа.

Поточно, Брумел се послужил со нејзината урина и направил тест, а го дочекало изненадување на животот - иако подлегнал на вазектомија, Рејчел била бремена!

Тие двајца веќе имаат три дечиња, па се договориле тој да оди на вазектомија. Но, изгледа животот имал поинаков план за нив двајца.

По само осум месеци подоцна таа е бремена, а иако ни самата Рејчел не го сфатила ова, ја издало нејзиното однесување. Често била уморна, чувствувала гадење, јадела повеќе од вообичаено..

Со оглед на тоа дека ова веќе го имал видено три пати претходно, Тим се посомневал дека е бремена па купил тест за бременост. Ја позајмил урината на својата сопруга, расипувајќи го казанчето намерно, па откако таа отишла во тоалет, не можела да пушти вода и Тим го искористил моментот за да направи тест. Тестот покажал позитивен резултат, започнал да се прашува како е ова возможно.

Тој се сетил дека никогаш не отишол по резултатите од вазектомијата, па го посетил лекарот кој дури тогаш го известил дека постапката не била успешна.


На сопругата и' подготвил изненадување, па на масата ја пречекале тестот и порака: "За мајката на моето бебе: Доколку некогаш се грижеше дека животот ќе ти стане досаден, заборави на тој страв бидејќи ќе станеш мајка и на четврто дете"...

Пред еден месец се родило нивното синче Ендрју Мерит, а семејството е пресреќно што тоа е тука, и покрај тоа што не го планирале.



No comments

Powered by Blogger.