Трампови се соседи од пеколот: „Откако се доселија тука е циркус“

Пишува:  Точка

Соседите на Иванка Трамп, ќерката на претседателот на САД, во отмениот дел на Вашингтон, велат дека во соседството започнал „циркус“ од првиот ден кога нејзиното семејство се вселило во куќата вредна 5.5 милиони долари.

Тие наведуваат дека Трампови не се најдобрите соседи бидејќи го заземале паркингот на прометната улица и оставале кеси со ѓубре на тротоарот, а најголемата замерка им е во однос на огромното присуство на безбедносни агенти, пренесува АП.



Дури и кога децата од Иванка одат на игралиште, се ангажирале три комбија.

Соседите на Иванка Трамп, нејзиниот сопруг Џаред Кушнер и нивните три деца, се пожалиле дека тротоарите се блокирани, дека заедничкиот паркинг е зафатен и дека семејството на „првата ќерка“ никој не смее да го вознемирува дури ни со барање да го почитуваат распоредот на собирање ѓубре пред вилата.



„Од првиот ден кога се вселија владее циркус. Сосема го уништија соседството“, за АП изјавила Мариета Робинсон која живеела спроти вилата на семејството Трамп.

Иванка Трамп и нејзиниот сопруг работат во Белата куќа како советници на претседателот. Жителите и сопствениците на елегантните имоти на околу три километри северно од Белата куќа, се навикнале на своите ВИП соседи.

No comments

Powered by Blogger.