Грција и Турција на висок тон: Грците: "Нашата војска е подготвена за секаква провокација! Турски националисти: Ако Грците сакаат да паднат во море, добредојдени се"!

Пишува: Точка

Тензиите помеѓу Грција и Турција секој ден се сè поголеми откако турскиот претседател најавил можност за референдум за пристапување кон ЕУ, а грчкиот министер за одбрана изјавил дека таа држава е "подготвена за било каква провокација", пишува британски "Guardian".

Додека Турција се подготвува за референдум на кој ќе се одлучува за зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, турскиот лидер дошол во вербален судир со лидерите на повеќето европски држави, кои им забраниле на неговите службеници да одржат митинзи на кои ќе се промовира гласот "за" на референдумот меѓу иселените Турци.

"Имаме референдум на 16. април. Потоа би можеле да одржиме референдум како Брегзит", рекол на турско-британскиот форум, на кој присуствувал и министерот за надворешни работи, Борис Џонсон.

"Што и да одлучи нашата нација, ние тоа ќе го почитуваме. Треба да биде јасно дека нашето трпение, кое цело време го тестираат некои европски држави, има свои граници", рекол Ердоган.

Минатата седмица Ердоган изјавил дека европските политичари ќе ги нарекува нацисти, додека тие него го нарекуваат диктатор.



Неговата изјава дополнително ги влошила односите со Грција, чиј министер за одбрана само неколку часа претходно кажал дека грчките сили се подготвени да одговорат на било каква закана за суверенитетот и територијалниот интегритет.

"Грчките вооружени сили се подготвени да одговорат на било каква провокација", рекол министерот за одбрана Панос Каменос, на воената парада во чест на 196-годишнината од ослободувањето на Грција од Отоманската империја.

"Подготвени сме, бидејќи така се брани мирот", рекол Каменос.

Тензиите помеѓу Турција и Грција најмногу доаѓаат до израз во Егејското море, каде речиси секој ден се соочуваат воени авиони на двете држави, додека турските извиднички бродови влегуваат во грчки територијални води.



Проблемите започнале по неуспешниот обид за пуч во јули минатата година, по што осум турски војници побегнале во Грција, а грчкиот врховен суд одбил да ги екстрадира назад.

Дипломатите и експертите за прашања за одбрана стравуваат поради големите можности од несреќа, бидејќи искусните пилоти се турнати на маргините во чистките кои го дошле по неуспешниот пуч.

"Најголема загриженост на грчката страна не е поради меѓународен инцидент, туку поради несреќа која би можела да излезе од контрола", рекол директорот на грчкиот "think-tank" Eliamep, Др. Танос Докос.

"Националистичкото расположение во Турција значи дека би било тешко да се смират страстите по таквата ситуација", рекол Др. Докос.




Ердоган веќе споменал дека под знак прашалник бил ставен Договорот од Лозана, кој ги одредил границите помеѓу двете држави, по неуспешната инвазија на грчката војска на Турција во 1922. година.

Лидерот на националистичкото движење во Турција, Девлет Бахчели, ги кренал тензиите на уште повисоко ниво со тврдењата дека неколку грчки острови се всушност под окупација.

"Ако Грците сакаат повторно да паднат во море, ако сакаат да бидат ловени, добредојдени се, турската војска е подготвена. Некој мора да и објасни на грчката влада што се случи во 1922. година. Ако нема кој да им објасни, можеме да дојдеме како куршум преку Егејското море и да ги научиме историја", рекол Бахчели.

No comments

Powered by Blogger.