Трагичниот живот на холивудската дива: Ја затекнала малолетната ќерка со својот љубовник во кревет, и потоа употребила нож

Пишува: Точка

"Јас бев тој што ги бришеше отпечатоците од ножот во бањата на Лана. Бев непослушно момче кое направи нешто што не требаше", наводно открил детективот во својата исповед.

Животот на една од најголемите холивудски диви, Лана Тарнер, тргнал надолу кога ја започнала врската со мафијашот Џони Стомпанато.

Нивната врска била прилично турбулентна, а завршила кога Џони, како што се пишувало со години, со кујнски нож го избодела тогаш 14-годишната ќерка на Лана, Шерил.



Иако нејзината ќерка, која денес има 73 години, во својата автобиографска книга признала дека го убила љубовникот на својата мајка, како што истражил писателот Дарвин Портер, постои можност всушност Лана да го убила својот љубовник, а дека нејзината ќерка ја преземала вината, пренесува Daily Mail.

Тој тврди дека има докази поради кои Лана требало да биде главна осомничена за смртта на мафијашот, бидејќи, како што наведува, таа го избодела со нож откако го затекнала во кревет со својата 14-годишна ќерка.



Сето тоа ќе го открие во новата книга "Lana Turner: Hearts and Diamonds Take All", во која ќе се најдат интервјуа со некои од клучните лица кои тогаш учествувале во истрагата. Меѓу нив е и разговорот со Фред Оташ, детективот кој тогаш работел на случајот.

"Јас бев тој што ги бришеше отпечатоците од ножот во бањата на Лана. Бев непослушно момче кое направи нешто што не требаше", рекол наводно детективот.



Некои од нејзините пријатели сами му откриле на детективот дека таа им признала дека таа го убила љубовникот, а Портер наведува дека од разговорот со нејзиниот адвокат открил дека тој тогаш на својата клиентка ѝ предложил нејзината ќерка да ја преземе вината, бидејќи како малолетничка нема да мора да оди на судење.



Портер во својата книга изнесува дека Лана кујнскиот нож го купила ден претходно, бидејќи секако повеќе не можела да го трпи малтретирањето на мафијашот.

Имено, тој бил многу насилен кон неа, и често ѝ се заканувал со пиштол.



Кога го фатила во кревет со својата малолетна ќерка, отишла по кујнскиот нож и му го забодела во стомакот. Пред полицијата да дојде, двете ја креирале приказната.

Бидејќи истрагата тогаш открила дека до смртта на мафијашот дошло бидејќи Шерил ја бранела својата мајка, судот заклучил дека злосторството е оправдано, а ќерката на Лана некое време минала во малолетнички затвор, по што на мајката ѝ било вратено старателството.



Убавата актерка имала прилично бурен живот. Се мажела осум пати, два пати за ист човек, па поради тоа била прогласена за најголема заводничка во Холивуд.

Светската слава ја стекнала со филмовите "Поштарот секогаш ѕвони два пати", "Др Џекил и Мистер Хајд", како и "Пејтон Плејс", за кој добила Оскар. Починала на 29. јуни 1995. година.

No comments

Powered by Blogger.