Се сеќавате на жената која стана симбол на терористичкиот напад во Брисел? Еве каде е денес

Пишува: Точка

Мина точно една година од крвавиот терористички напад во Брисел. Во двата напади кои се случија практично во исто време, еден на аеродромот, другиот во подземната железничка, загинале 32 лица, а повеќе од 300 биле ранети.

Меѓу ранетите била и Ниди Чапхекар, која ја видовме на фотографијата на која таа крвава и целата во прашина седи на столче.



Нидхи Чапхекар требала да се приклучи на остатокот на екипажот на "Jet Airways" на летот за Њуарк кога дошло до експлозијата, а денес, точно една година откако настанала фотографијата, таа се вратила на местото на нападот.



"Го видов првиот напад, но не можев веднаш да откријам за што станува збор. Изгледаше како нешто да експлодирало, помислив дека станува збор за батерија во инвалидска количка", вели Чапхекар денес за CNN.

Веднаш тргнала да помогне, но колегите ја задржале.



"По неколку моменти, во тие неколку секунди додека зборувавме, маса луѓе почна да трча во сите насоки. Оние кои не успеаја да најдат излез во тој хаос трчаа кон нас. Луѓето плачеа и врискаа", се сеќава стјуардесата.

Коа тргнала кон излезот, одекнала друга експлозија.



"Летав неколку метри и паднав на глава. Така ја добив повредата", вели 41-годишната стјуардеса која денес изгледа прилично поразлично од кобниот ден.

Се сеќава дека се обидела да се придвижи, но дека шокот бил голем.



"Гледав наоколу, но ништо не успеав да видам од чадот", се потсетува таа.

Чапхекар плачела, а потоа ѝ помогнал еден војник кој ја седнал на столче. Лицето ѝ било прекриено со крв, а имала и изгореници.



"Сакав да го сопрам крварењето од левата нога. Затоа ногата ми беше префлена преку столчето, сакав да ја стиснам и да го сопрам крварењето", рекла таа.

No comments

Powered by Blogger.