Потресно видео: Сурова богаташка ја снимала со телефон слугинката која висела од седмиот кат, а потоа паднала на земја

ПИШУВА: ТОЧКА

Кувајтската полиција ја привела жената која со телефон ја снимала својата слугинка од Етиопија како паѓа од седми кат поради, како што се чини, обид за самоубиство, пишува АФП. На видеото се гледа дека во ниту еден момент жената не се обидела да и` помогне на слугинката.

Поради некое чудо, слугинката го преживеала падот, а нејзината газдарица наместо да ѝ помогне, го објавила видеото на социјалните мрежи.

Видеото кое трае 12 секунди, ја прикажува жената како виси од надворешната страна на зградата, држејќи се грчевито со едната рака за работ на прозорецот и притоа молејќи за помош, бидејќи очигледно се премислила во врска со нејзината првобитна намера.

Жената која снимала се слуша како ѝ велела на нејзината слугинка: „О, луда жено, врати се назад!“, додека преплашената слугинка викала: „Фати ме, фати ме“ во последните моменти пред да ѝ се отпушти раката. Таа паднала на метална церада која го ублажила нејзиниот пад и веројатно ѝ го спасила животот.


За време на страшната сцена на падот, од жената која го снимала видеото не се слушала никаква реакција. Малку подоцна, службениците од брза помош ја спасиле слугинката и ја одвеле во болница каде што ѝ биле дијагностицирани тешки телесни повреди, кои за среќа не биле опасни по живот.

Причината за обидот за самоубиство на слугинката не е позната, а полицијата започнала истрага против нејзината газдарица, бидејќи не ѝ помогнала. Инаку, во богатиот Кувајт живеат и работат повеќе од 600.000 помошници и помошнички, повеќето од Азија, а често се жалат дека се злоставувани и дека не им се исплаќаат платите. Секоја година стотици слугинки бегаат од своите работодавци поради злоставување, често во амбасадите на своите држави.

No comments

Powered by Blogger.