Ѕвездата од латино сапуниците денес изгледа непрепознатливо


Една од најпопуларните актерки во Мексико толку многу се ужаснува од стареењето, што во последните осум години повеќе не ги славела своите родендени.

Габриела Спанич, актерката со хрватски корени која нашата публика најмногу ја памети по серијата „Одмаздничка“, наиде на многу критики поради нејзиниот „пластичен“ изглед.



На нејзините туторијали за шминкање кои ги објавува на профилот на Инстаграм, фановите забележале дека нејзиното лице е совршено „испеглано“.



Но, 43-годишната актерка во едно интервју ги отфрлила сите обвинувања дека поради ботоксот и операциите повеќе не си личи на себе. „Имаше милион коментари на таа тема, од кои 15 – 20 беа навистина злобни и многумина велеа дека изгледам чудно. Од друга страна, имаше и такви кои пишуваа дека не гледаат ништо необично во мојот изглед, дури ни брчка. Сето тоа ме насмеа“, раскажала Габриела, која тврди дека само еднаш во животот посетила пластичен хирург.







No comments

Powered by Blogger.