Била најстрога воена тајна: Славниот американски пејач ги прислушувал Русите и дознал историска вест

Пишува: Точка

Пред точно половина век Џони Кеш имал 35 години, и бил готов следните неколку години да ги мине зад решетки.

Во американската држава Џорџија, полицијата во неговиот автомобил, откако се судрил, пронашла многу таблети. Тој тогаш се обидел да го подмити шерифот.

Шерифот Ралф Џонс најпрво добро го критикувал, а потоа сепак го ослободил, а за тоа имал добра причина. Прво на Кеш му рекол наместо да се убива со дрогата да го искористи својот "проклето генијален музички талент, наместо да го уништува".


Причината поради која не го уапсил било тоа што Кеш бил воен ветеран заслужен за раното откривање на еден од најголемите историски моменти на 20. век. Тој бил човекот кој провалил во комуникацијата на советскиот лидер на 5. март 1953. година, кога умрел Јосиф Висарионович Сталин.

За него Корејската војна дошла во "вистинско време". Тогаш наполнил 18 години, па како и голем број други млади мажи, се пријавил во војска.



Меѓутоа, наместо да заврши на бојното поле, неговите надредени сфатиле дека "момчето во униформата", кое еден ден ќе стане "човекот во црно", во себе има нешто посебно. Го ставиле во 12. мобилна радиска бригада, му го "закачиле" чинот наредник и го пратиле директно во Западна Германија.

Доколку некој се сомневал, момчето со докажан апсолутен слух се покажало како одличен во слушање на радиските сигнали и во следењето на Морзеовите сигнали. Тоа за него бил одличен период. Во германски Ландсберг го основал својот прв бенд "The Landsberg Barbarians". Таму ги напишал стиховите за својот "Folsom prison Blues". Наполнил 21 години пред тој 5. март 1953. година.



На Западот било јасно дека Сталин е во лоша здравствена состојба, и сите вести кои се однесувале на тоа, во времето на Студената војна, биле непроценливи. Сталин пател од атеросклероза, имал 74 години, и многу пушел. Во октомври 1945. година преживеал тежок срцев удар, а на 1. март по целовечерна гозба и пиење, имал поблаг мозочен удар.

Четири дена подоцна умрел во 9:50 часот по локално време. И кој знае кога ќе објавеле советските лидери за неговата смрт, доколку уште истиот ден Кеш не го слушнал тоа на радиските Морзеови сигнали, не запишел се, а потоа да дешифрира и да го прати до своите надредени. Останатото е историја. Тоа била една од најзначајните вести на векот и во рок од неколку минути била проследена до претседателот Двајт Ајзенхауер и сите тајни служби на САД.



Џони Кеш добил најстрога наредба следните години да не кажува на никој што и како се случило, и тоа под обврска за чување на воени тајни. Една година подоцна тој бил често отпуштен од војска, за да започне една од наголемите кариери.

No comments

Powered by Blogger.