Првиот човек на Ферари: Многу луѓе купуваат Ламборџини затоа што не можат да ги купат нашите автомобили


Веќе неколку години по ред, Ферари ја подигнува бројката на продадени автомобили, а истото се очекува и оваа година кога италијанскиот производител очекува продажба на нешто помалку од 8500 примероци.

Тоа го тврди првиот човек на компанијата Серџо Маркионе кој што е уверен дека ексклузивноста на брендот на Ферари многумина ги остава без можност да го добијат својот автомобил.

Затоа таквите купувачи, кои што не можат да го добијат својот автомобил Ферари, започнуваат да се вртат кон конкурентските компании како што е Ламборџини.



Маркионе признава дека листата на чекање за некои од најпопуларните модели на Ферари е премногу долга и додава дека и самиот запознал некои луѓе кои што не успеале да го добијат својот автомобил и признава дека тоа е најлошото нешто што еден производител може да му го направи на купувачот.

Сето ова е главна причина, според првиот човек на Ферари, луѓето поради ексклузивноста на овој бренд, да се откажуваат и да се вртат кон Ламборџини.

„Многу го почитувам Стефано Доменикали (поранешен шеф на Ф1 тимот на Ферари и актуелен прв човек на Ламборџини). Но, многу луѓе ги купуваат автомобилите на Ламборџини затоа што не можат да добијат Ферари“, порача Серџо Маркионе.

No comments

Powered by Blogger.