Јанева: Рокот за истраги мора да се продолжи, во прашање е огромен финансиски криминал

ПИШУВА: ФОКУС

Специјалното јавно обвинителство истражува голем број на случаи со финансиски криминал и злоупотреба на државните пари. Сепак, постои закана стотици случаи за криминал да пропаднат, бидејќи според сегашното законско решение СЈО има уште три месеци за работа. По крајот на јуни СЈО нема да може да поднесува обвиненија.

Токму затоа, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска, презентирајќи ги четирите нови предмети за финансиски криминал, уште еднаш апелираше дека е неопходно продолжување на мандатот на СЈО за целосна истрага на сите случаи, произлезени од прислушуваните разговори.

-Бараме Собранието да ги разгледа законските одредби и заедно да најдеме законско решение до крај да ги истражиме кривичните дела што се од наша надлежност- рече Јанева.

Станува збор за многу финансиски истраги кои во иднина ќе покажат како парите на граѓаните завршувале во приватни џебови на високи функционери на правни лица поврзани со високи функционери.

No comments

Powered by Blogger.