Најчестите грешки кои ги правите при декорирањето


Декорирањето на домот може да биде вистински стилски предизвик, поради кое е важно да се препуштите на Вашата креативност, но и да обрнете внимание на сите можни грешки кои се прават при избирањето.

Сите целиме кон пријатен животен простор, кој во истовреме ќе биде функционален, но и уреден според личниот стил. Поради тоа, често се случува од желбата за совршена оаза да направиме клучни грешки кои ја нарушуваат хармонијата и убавината на нашиот дом.


Затоа решивме да Ви ги претставиме најголемите грешки кои би требало да ги избегнувате при декорирањето на Вашиот дом.

Бела софа или кревет

Белата боја на гарнитурата за седење е најчест избор – таа е чиста, јасна и пружа многу идеи за декорација на околниот простор. Но, често и најобичното седење може да остави траги од нечистотии на мебелот. Доколку се одлучите за бел кревет, ставете навлака во беж или сива нијанса, за да го одбегнете валкањето.



Мермерна плоча

Мермерот изгледа одлично на кујнската работна маса, но тој е склон кон оштетување и менување на бојата. Затоа, не работете директно на мермерната плоча туку користете кујнски даски и други подметачи кои ќе го зачуваат материјалот.



Шарени ѕидови

Силните бои, дезени и украсни детали на ѕидовите не се добар избор, бидејќи не само што визуелно го намалуваат просторот туку и го прават истиот пренападен. Доколку имате некоја ефектна идеја за ѕидовите, обојте само еден ѕид од просторијата.



Волнени теписи

Удобните теписи од грчка волна се ретро и шик, и сосема сигурно се најдобрите пријатели на Вашите стопала. Но, тие се исто така склони кон често валкање и тешко се чистат, додека материјалот е погоден за собирање прашина и нечистотии од домот.



Неудобни трпезариски столови

Ова можеби звучи очигледно, но тестирајте ги Вашите столови пред да ги купите. Седнете на нив, но притоа седете лежерно и опуштено за навистина да се уверите дека тие се доволно удобни за Вашите гости.



Прозорци без завеси и драперии

Колку и да изгледаат модерно и внесуваат ведрина и пријатна енергија во просторот, прозорците без завеси рефлектираат УВ зраци кои можат да го оштетат Вашиот мебел во голема мера. Плус, дневната соба без завеси оддава впечаток на несредено и недовршено декорирање.



Било што тренди и скапо

Опремувањето на домот по последните трендови е најчесто погрешен начин во декорирањето, бидејќи шик деталите можат да предизвикаат пренатрупаност во ентериерот и мешање на стиловите. Комбинирајте ги трендовите кои се потполнуваат меѓусебно и секогаш држете се до едноставните детали.

No comments

Powered by Blogger.