Нацисти насекаде: Еве како изгледа картата на Европа според Ердоган

Пишува: Точка

Откако ги обвини Холанѓаните за нацизам, турскиот претседател исто така ја обвини и германската канцеларка Ангела Меркел дека применува „нацистички методи“.

Ердоган во изминатиов период речиси секојдневно ги напаѓа западните Европејци, откако Холандија и Германија забранија неговите министри да се обраќаат на собирите за поддршка на референдумот во Турција кој што треба да му ги зголеми претседателските овластувања.

Турскиот претседател во неколку наврати ги обвини западните земји за нацизам, порача дека Холанѓаните се нацисти, ги обвини за масакрот во Сребреница, порача дека Меркел применува нацистички методи, а изјави и дека Европејците доколку не биле засрамени, тие повторно би ги отвориле гасните комори.

„Непријатно им е кога ги нарекуваме нацисти. Тие се солидаризираат меѓу себе кога ќе слушнат такво нешто. Посебно тоа се однесува на германската канцеларка Ангела Меркел“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.



Коментарите на Ердоган не стивнуваат откако Германија, Холандија и Австрија заранија неговите министри да присуствуваат на собирите, а аналитичарите сметаат дека таквата реторика на турскиот претседател му одговара, затоа што пред својот народ создава слика на „непоколеблив лидер кој што му пркоси на моќниот Запад“.

Токму поради тоа, аналитичарите сметаат дека Ердоган воопшто нема да ја намали реториката и обвинувањето на Европејците за расизам, најмалку барем до април додека не биде одржан референдумот во Турција.

Ваквите потези на турскиот претседател предизвикаа остри реакции како во Европа, па така и кај неговите политчки опоненти во Турција. Поради таквото, за многумина несоодветно однесување за претседател на една држава, на интернет многумина се шегуваат со Ердоган, а објавена е и мапа која што прикажува како изгледа Европа во очите на Ердоган.

Имено, од турската Либерална Демократска Партија се шегуваат и велат дека Ердоган цела Европа ја гледа како нацистичка, додека пак единствено Турција е земјата во која што владее слободата и демократијата.

No comments

Powered by Blogger.