Кина е бесна на САД: Никакво американско оружје нема да застане на патот на обединувањето со Тајван!

Пишува: Точка

Новата пратка на оружје која САД ќе ја транспортира во Тајван го разбеснила официјален Пекинг кој вперил повеќе од 1.000 ракети во „непослушниот остров“.

Додека независниот демократски остров Тајван купува ново оружје од САД, кинескиот министер за одбрана рекол дека Тајван залудно се труди ако мисли дека со оружјето ќе го спречи обединувањето.

Кина никогаш не се двоумела да примени сила за да ја контролира своеволната покраина, а тајванското министерство за одбрана тврди дека Кина вперила повеќе од 1.000 проектили во островот, пренесува „Ројтерс“.



Администрацијата на Трамп подготвува нова пратка на оружје за Тајван која вклучува ракетни системи и анти-бродски проектили за одбрана од Кина, наведуваат американските претставници.

Кина не ѝ верува на претседателката на Тајван, Каи Инг Вен, и смета дека таа го турка островот кон официјална независност, додека таа вели дека сака да одржи мир со Кина.



„Сепаратистичките Тајвански независни сили и нивното дејствување ја претставуваат најголемата закана за мирот и стабилноста во Тајван“, рекол портпаролот на кинеското министерство за одбрана Ву Кјуан, и додал дека „употребата на оружје за спречување на обединувањето е залудна, бидејќи нема излез“.

No comments

Powered by Blogger.