Амал му ги забранила на Џорџ Клуни овие две имиња за децата

Џорџ и Амал Клуни чекаат близнаци и главна тема е како ќе се викаат децата. Актерот на ComicCon во Лас Вегас откри дека сопругата му ставила вето на две потенцијални имиња за децата.



„Сопругата ми рече дека не смеам да им дадам имиња Каса и Амигос“, изјави Клуни за Entertainment Tonight.

„Тоа е една работа што ми е забранета.“

Џорџ понатаму објаснува дека имињата се поврзани со неговата компанија за производсто на текила „Касамигос“.

„Само дадов идеја, знаете, тоа е семеен бизнис“, рече тој.

Очигледно, популарниот актер се шегуваше, а неговата смисла за хумор е една од причините зошто е миленик на публиката.

Актерката Џулиен Мур, која игра со него во филмот Suburbicon, зборуваше за тоа колку го бива Џорџ со деца и дека воопшто не се сомнева дека ќе биде добар татко.

„Ќе му дојде сосема природно. Беше супер со детето на сетот за снимањето. Беше навистина прекрасен“, рече Мур.

Амал и Џорџ ги очекуваат близнаците во јуни.

No comments

Powered by Blogger.