Отишол на рутинска проверка, му откриле смртоносна болест: Животната драма на актерот од "Беверли Хилс"

Пишува: Точка

Популарниот Дилан од познатата серија "Беверли Хилс" пред две години отишол на колоноскопија на рутинска проверка, но ...

Лекарите во неговото дебело црево откриле преканцерозен израсток, пренесува Daily Mail. По прегледот, тие веднаш му го отстраниле, а тој сега се надева дека ова ќе влијае и врз другите луѓе поттикнувајќи ги да одат на преглед.

"Во моментов во САД живеат 23 милиони луѓе кои би требало да дојдат и да го направат овој преглед, но на никој не му паѓа на памет. Да чекав, ќе се соочев со драстично поразлично сценарио", изјавил Пери и објаснил:


"Кога открив дека тоа е рак кој најлесно може да се открие од сите тумори, а истовремено е и најсмртоносниот, не можев да сфатам зошто тогаш штом се открива најлесно, си дозволуваме да не го следиме, па сега раскажувам за ова за што повеќе луѓе да се информираат во оваа болест."

Поради болста овој актер целосно го променил начинот на живот. "Го намалив внесот на црвено месо, некогаш јадев бифтек и компири, а сега јадам риба, житарици од цели зрна, необработени и храна која содржи многу влакна", открива Пери кој вели дека уште една работа е многу важна.

"Морате да ја проверувате својата столица, луѓето не сакаат да зборуваат за ова, но ова спасува животи"..


Со Дилан во "Беверли Хилс" глумеше и Шанон Доерти како негова прва девојка, Бренда, а таа пред две години открила дека боледува од рак на дојка и често зборува за ова на социјалните мрежи, надевајќи се дека ќе ја подигне свеста за борбата со оваа болест.



No comments

Powered by Blogger.