Сите се шокирале кога дознале дека пејачката ја продава оваа куќа од соништата


Куќата која се протега на речиси 1.000 метри квадратни располага со две огромни спални соби и уште 5 помали, 7 бањи и гаража која може да собере 8 автомобили.
Американската пејачка Селена Гомез ја ставила на продажба својата вила вредна три милиони долари.


Кога фотографиите од внатрешноста се појавија во јавност, сите се зачудиле зошто 24 – годишната млада дама повеќе не го сака овој раскош сместен во прекрасна природа.


Пространата вила се наоѓа во Тексас, а Селена ја купила минатата година за во неа да поминува повеќе време со семејството и пријателите од детството.

Бидејќи обожува да гледа филмови, младата пејачка ја опремила куќата со луксузно домашно кино.


Освен тоа, куќата која се протега на речиси 1.000 метри квадратни располага со две огромни спални соби и уште 5 помали, 7 бањи и гаража која може да собере 8 автомобили.


Кога сакала да се забавува со пријателите, Селена го правела тоа во големата соба со маса за билијард и уште многу други игри.

За романтични вечери тука е и собата со камин и засводен таван, која се наоѓа до пространата кујна опремена со најсовремени апарати и садови.


Станува збор за кујна во која јадењата ги подготвувал професионален готвач, но тука има и уште една помала, отворена кујна, во која Селена и нејзините гости подготвувале коктели и грицки.


Кога сакале да се опуштат, тоа можеле да го направат на тенискиот или кошаркарскиот терен, како и на базенот. Сепак, на некои им било доволно само да се опуштат и да уживаат во сончањето, окружени со природа како од бајка.


Сепак, на младата ѕвезда ѝ здодеале целиот овој луксуз и убавина, па одлучила да си купи уште поголема и поубава вила.

No comments

Powered by Blogger.