Техеран сепак попушти: Иран им одобри на Русите да користат воени бази за напади во Сирија

Пишува: Точка

Русија и Иран во текот на изминатите 18 месеци одиграа клучна улога во големиот пресврт во граѓанската војна во Сирија во корист на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф изјави дека Русија „во одредени случаеви“ може да ги користи иранските воени бази за да се бори против милитантите во Сирија, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Русија и Иран досега беа клучни сојузнци на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад и во последните 18 месеци ја одиграа клучната улога во неговото „спасување“. Милитантите во Сирија беа во голем налет и беше прашање на време кога режимот на Асад ќе падне, се додека Русите не се вклучија во граѓанката војна во Сирија.



Руските авиони и минатото лето полетуваа од иранските бази при нивните напади на мети во Сирија, а тоа беше прв пат странска сила да користи воени бази во Иран од крајот на Втората светска војна.

Сепак, полетувањата на руските авиони од иранските воени бази сопре откако информациите за тоа протекоа во иранската јавност, а неколку министри го окарактеризираа одобрувањето како кршење на иранскиот устав во кој што се забрануваат „странски воени бази“.


Сепак, овој пат иранскиот шеф на дипломатијата Зариф изјави дека Русија нема своја воена база во Иран, туку станува збор за добра соработка „од случај до случај, кога е неопходно Русите да се борат против тероризам, да ги користат иранските објекти“.

Иранската делегација составена од министерот за надворешни работи Зариф и иранскиот претседател Хасан Рохани, се наоѓа во официјална посета на Москва од вчера. Зариф изјави дека за регионалните проблеми, кои што ја вклучуваат и Сирија, треба да се разговара на закажаниот состанок со Владимир Путин во Кремљ.

No comments

Powered by Blogger.