Откриено кој го пратил експлозивот во германското министерство за финансии: Не се терористи, вистината е шокантна

Извор: Точка

Полицијата во Берлин соопштила вчера дека во Министерството бил пронајден пакет кој "содржи експлозивен микс кој често се користи во пиротехничко производство" и дека можел да предизвика штета и повреди.
Пакетот со "експлозивен микс", кој вчера бил откриен во Министерството за финансии на Германија, е пратен од Грција, изјавил грчки полициски извор.


Грчкиот министер за внатрешни работи, Никос Тоскас, го преземал тој случај откако добил информации од германската полиција, и властите на двете земји соработуваат во врска со тоа, додал истиот извор.




Полицијата во Берлин соопштила вчера дека во Министерството бил пронајден пакет кој "содржи експлозивен микс кој често се користи во пиротехничко производство" и дека можел да предизвика штета и повреди.

Со поштенска марка од Грција, на пакетот имало име и адреса на испраќачот, но и логото на главната опозициска десничарска партија, Нова Демократија, рекол изворот на грчката полиција.

.@polizeiberlin: Verdächtiges Paket in Poststelle des Bundesfinanzministeriums enthielt Sprengstoff. Mehr dazu später um 19:30 bei uns.



Наведениот испраќач е политичар, Адонис Георгијадис, од крајната десничарска популистичка фракција Нова Демократија, кој е омразен на грчката политичка сцена, и сопственик на книжарница која е честа мета на напади на анархистички движења.

Грчката полиција ја истражува можната врска на оваа со слични акции на грчките екстремистички движења, рекол изворот од полицијата. Властите исто така истражуваат како пакет кој содржи експлозив, може да биде пратен, и тоа во странство.



Според германските медиуми, пакетот бил пратен до министерот за финансии Волфганг Шојбле, кој во Грција важи за еден од најодговорните за погубните мерки за штедење, воведени во таа задолжена земја од 2010-тата година.

Германската агенција "DPA" пренела дека уредот во пакетот со некој вид на детонатор, бил домашно изработен.


Во ноември 2010-тата година, пакет со експлозив бил пратен од Грција до германската канцеларка Ангела Меркел.

Според германските власти, таа пратка била дел од серијата пакети-бомби откриени речиси истовремено во Берлин, Болоња и во амбасади во Атина.

No comments

Powered by Blogger.