Овие млади американци во Мексико кои што викаат 'изградете го ѕидот' паднаа на нај основниот тест по географија


Група на американци кои се на пролетен одмор наводно отишле се до Мексико само за да побараат да се изгради физичка бариера помеѓу двете нации - со нив на другата страна.

Групата предизвикала сцена додека биле на Канкун круз со викање на познатата реченица од кампањата на Доналд Трамп.

Според весникот Yucatan Times инцидентот се случил на брод кој носи туристи на пиратско-тематско шоу пловејќи во море. Таму, ново венчаните Сули и Анаксимандро Амабле го опишале настанот како "стадо од американци" кои почнале да викаат "изградете го ѕидот", после крајот на настанот. На Фејсбук, Амабле напиша:

Денес бев со Сули, мојата жена (која е од Мексико). гледајќи забавно шоу на брод, на крајот од шоуто, стадо од американци (можно пијани или не), почнаа да викаат "Изградете го ѕидот" се погласно и погласно.

Весникот пренесува дека американците продолжиле да викаат, и покрај тоа што Мексиканските патници се жалеле.

Додека критичарите на ѕидот на Трамп ќе тврдат дека не ништо повеќе од расизам, можат да наидат на идејата за конструирање физичка бариера што ќе ги спречат ништожните студенти да прават будала од себе во странска држава.

Пишува: Fusion.net

No comments

Powered by Blogger.