Најголемиот мит за војната со НАТО пактот: Како Србите ги нападнале базите во Тузла и Тирана и ги уништиле за време на бомбардирањето

Пишува; Точка

Српски авиони, наводно во 1999. година за време на воздушните напади на НАТО на Југославија, ги нападнале воените бази на Северноатлантската алијанса во Тузла и Тирана и ги уништиле.

Се навршуваат 18 години од агресијата на НАТО на Сојузна Република Југославија, која траела 11 седмици и во текот на која, според проценките на различни извори, загинале помеѓу 1.200 и 4.000 луѓе. Меѓутоа, еден наводен настан и натаму останува мит. Дали пилоти на тогашната Војска на Југославија нападнале бази на НАТО, пред се во Тузла во БиХ и Тирана во Албанија?

Најголемата легенда во текот на бомбардирањето на СРЈ во 1999. година, за која слушнале сите Срби, е таа поврзана со нападите на тогашната Војска на Југославија на аеродромите во Тузла и Тирана, каде биле стационирани НАТО силите. Меѓутоа, овие наводи никој никогаш не ги потврдил, и ќе останат мистерија, пишува Telegraf.rs.



Воените аналитичари Мирослав Лазански и Александар Радиќ велат дека немаат никаква потврда дека навистина дошло до овој напад, и тврдат дека тоа е само уште еден од митовите кои ги направиле српските медиуми.

Од друга страна, многу аналитичари, меѓу кои и Звонимир Трајковиќ, тврдат дека овој напад навистина се случил и изнесуваат детали за овој удар на српската војска за силите на НАТО пактот.

Според тврдењата на Звонимир Трајковиќ, на аеродромот Пониква, била собрана комбинирана ескадрила од 6 Орли, 2 MiG-21, и еден Галеб G4. Задачата била во низок лет да се дојде до Тузланскиот аеродром и да се уништат што повеќе авиони на НАТО.

Во неделата 18. април во 13:30 часот, југословенските авиони одненадеж ги нападнале авионите на НАТО, бидејќи во тоа време поради дефект бил исклучен радарот на аеродромот во Тузла. Изненадувањето било целосно, бидејќи никој не ги регистрирал на време, па авионите на Војската на Југославија биле забележани дури на 10 километри од аеродромот во Тузла, а тогаш било доцна да полетаат и авионите на НАТО.



Четири НАТО авиони во парови биле подготвени за полетување, но југословенските нападнале пред нивното полетување. Тоа било многу ризична акција, и иако од базата било јавено дека авионите се забележани, никој од пилотите не сакал да ја прекине акцијата.

Според изјавата на мајор Гавриловиќ, кој летал со еден од "Орлите", тој испуштил бомба на група оштетени НАТО авиони, кои се наоѓале десно на пистата, и го свртел леталото за да ги нападне хеликоптерите. По него тргнале уште 3 "орли" и испуштиле товар на веќе избрани цели, додека 2 "орли" останале прецизно да ги гаѓаат авионите кои се подготвувале полетаат и 8 ловци кои неколку дена претходно пристигнале во Тузла. Два "MiG" и еден Галеб со ракети и митралези ја довршиле работата.



Теоретичарите на заговор тврдат дека целата акција била изведена премногу брзо, а наводно траела 15-тина минути, и тогаш по враќањето кон Пониква со ракета од земја бил соборен еден српски "Орел". Останатите осум авиони се вратиле до аеродромот Пониква. Епилогот на оваа акција се уништени 17 авиони и 3 хеликоптери на НАТО. Некои други неофицијални извори кои имале можност да ги видат последиците од овој напад, наведуваат дека биле уништени 21 авион и 3 хеликоптери, и дека во верижна експлозија уништени биле и 2 транспортни авиони. Посебен бес кај НАТО предизвикува смртта на 11 офицери, пилоти и други членови на персоналот.

Вториот налет и напад на Србите на НАТО, наводно се случил во Тирана, каде била стационирана ескадрила од 12 Апачи ракетни хеликоптери, кои требало да бидат воздушна поддршка за "Атлантската бригада", која се подготвувала преку превојот Кошара и Горожуп заедно со НАТО силите да изврши пробој и војнички да ги заземе Метохија, а подоцна и Косово.



Наводно, "Атлантската бригада" ја сочинувале околу 6.000 Албанци доброволци од странство со американски инструктори. Првиот напад се случил на 13. април, кога 4 српски авиони го нападнале подготвителниот камп на Атлантската бригада, кој се наоѓал во близина на местото Каменица на северот на Албанија. Во таа прилика бил соборен еден "Апачи", а на Атлантската бригада и биле нанесени сериозни загуби. Таа операција била посебно ризична бидејќи од Пониква до Тирана требало да се лета околу еден час, а да се избегнат радарите на НАТО.



Според тврдењата на Трајковиќ, нападот бил планиран така што по 2 Галеби G-4S синхронизирано полетуваат од аеродромот Пониква и Голубовци кај Подгорица, и без да бидат забележани се провлекуваат во НАТО базата длабоко во територијата на Албанија. Акцијата била изведена така што во низок лет преку планинските премини прво долетале авионите од Голубовци, а 20 минути подоцна пристигнале и тие од Пониква. Резултатите од овој напад биле повеќе од импресивни, бидејќи биле уништени пет "Апачи", а сите 4 "Галеби" успеале неоштетени да се вратат во своите бази. До крајот на агресијата на Југославија, НАТО повеќе не користел Апачи.



No comments

Powered by Blogger.