Тунели на теророт: Еве како ИСИС ги обучува бомбашите под улиците на Мосул

Пишува: Точка

Напуштените објекти на Исламската држава се простираат на должина до два и пол километри под улиците на ирачкиот град и се опремени со простории за тренинг и за спиење.
Осветлени со слабо светло, скалите по кои што војниците се симнуваат фрлаат морничава сенка на напуштениот железнички тунел. Овој подземен објект има капацитет за 50 лица и речиси три години служи како камп за обука на елитните борци на Исламската држава. Се простира на два и пол километри под јужните предградија на Мосул, а кампот е наречен „Палмира“ по древниот сириски град и е најголемиот центар за тренинг на ИСИС во Ирак.

Во него се уште се наоѓа оставената опрема на регрутираните борци на исламистите кои што минувале низ ригорозен режим на обука сличен на оној со кој што се служат припадниците на елитните специјални единици ширум светот. Тука има пречки од бодликави жици, на подот е фрлено јаже кое што служело за вежбање на премин преку провалија, а исламистите го минувале јажето со ранец полн со камења.

„Ова било многу добро место за тренирање на специјалните сили на Исламската држава“, изјави ирачкиот генерал Абдулемир Мухамед Алви и додава: „Од тука излегувале квалитетни борци. Не можел секој да тренира тука“.


Камп за обука

Тунелот во кој што е кампот сместен е дел од напуштената некогашна железничка линија која ги поврзувала Багдад и Мосул, а која не се користи уште од времето кога Садам Хусеин дошол на власт во 1979-та година.

Исламската држава уште од почетокот на ирачката офанзива на Мосул во октомври минатата година, значително се потпирала на мрежата на подземните тунели. Иако тунелот „Палмира“ е заштитен од воздушните удари, еден од неговите влезови е затрупан со авионска бомба непосредно пред целата локација да биде ослободена од коалициските сили.

Војниците кои што први влегле во тунелот ги забележале обележјата на Исламската држава, а на ѕидовите биле испишани разни пораки како „Ние го поддржуваме Калифатот и не има насекаде низ светот“, но и заканувачки пораки како „Исламската држава ќе стигне до Рим“.


Остатоците од местата за стрелање откриваат дека исламистите се служеле со најразлични типови на вооружување. Обуката започнувала со вежбање на пукање со пиштол на далечина од 50 метри, а се завршувала со пукање од висококалибарски оружја на далечина од 300 метри.

Необележани мапи и воена литература

На другиот крај од тунелот имало рецепција за идентификација, претрес и прием на нови регрути. Тука имало и спални соби со купатила и соби за молитва, односно џамија. Насекаде имало и пропагандни летоци на исламистите кои што објаснувале како се проверува дали некој е „вистински муслиман“.

Пронајдена била мапа од јужните квартови на Мосул, но без обележја, така што џихадистите учеле како да се движат и ориентираат во градот без примена на било кој топоним.

Џихадистите користеле професионална опрема за копање на тунели за да направат нови простории кои што подоцна биле користење како соби за спиење. Од тоа може да се заклучи дека Исламската држава добивала помош од странство со тоа што ги добивала неопходните алати. Сега, ирачката армија во соработка со една канаска компанија се обидува да го открие потеклото на таа опрема.


Освен тоа, јасни биле трагите на парична и практична поддршка која што џихадистите ја добивале од странство. Се сомнева дека во тунелот биле сместени странски борци, односно специјалци кои што ги воделе обуките на новите борци на најозлогласената терористичка организација на светот.

Покрај ирачките и воените литератури од времето на диктаторот Садам Хусеин, Исламската држава коритела и напредна и англиска воена литература.

No comments

Powered by Blogger.