"Бев единствена муслиманка со хиџаб во Белата куќа на Трамп": Исповед на Американка за хаосот во Западното крило



Службеничката на американското Собрание за национална безбедност, Румана Ахмед, била единствена муслиманка со хиџаб во Белата куќа кога ја преземал претседателот Доналд Трамп. Издржала само осум дена. Во колумната за "The Atlantic" го опишала своето искуство во администрацијата на новиот американски претседател.

"Ме вработија во Белата куќа кога завршив факултет. Мојата работа беше да го заштитам најдоброто што мојата држава го претставува. Бев единствена жена со хиџаб во Западното крило и во Администрацијата на Обама и секогаш се чувствував добредојдено и вклучено.

Како и повеќето од моите сонародници муслимани, минав поголем дел од 2016-тата година гледајќи со грозење како Доналд Трамп ја оцрнува нашата заедница. И покрај тоа, или токму поради тоа, одлучив да останам меѓу персоналот на Собранието за национална безбедност за време на владеењето на Трамп, за на новиот претседател и неговите помошници им пружам нијансиран поглед на исламот и на американските муслимани.

Издржав осум дена.

Кога Трамп издаде наредба со која се забранува влез на патници од седум муслимански држави и сите бегалци од Сирија, знаев дека повеќе не можам да работам за администрација која луѓето како мене ги гледа не како сограѓани, туку како закана.


Таа вечер пред да заминам, се поздравив со колегите, од кои веќе многумина исто така заминаа, го известив високиот советник за комуникации на Собранието, Мајкл Антон, со кој делев канцеларија, дека заминувам. Неговото изненадување кога праша дали заминувам од владата во целост беше проследено од молк. Сепак, му кажав.

Му кажав дека морам да заминам бидејќи за мене е навреда да влегувам во најзначајната зграда секој ден, под влада која работи против и го осудува тоа за кое се борам и како Американка и како муслиманка. Му кажав дека администрацијата ги напаѓа основните темели на демократијата. Му кажав дека се надевам дека сите тие и Конгресот се подготвени да преземат одговорност за сите последици кои ќе уследат по нивните одлуки.

Ме погледна и не кажа ништо.

Подоцна дознав дека под псевдоним напишал есеј во кој ги фалел предностите на тоталитаризмот и ги нападнал различностите како слабост, а исламот како нешто "неспоиво со модерниот Запад".


Моето семејство пристигнало во САД од Бангладеш во 1978-та година и се обидувало да создаде можности за своите деца, кои се родени во Америка. Мојата мајка работела како благајник, подоцна отвори своја градинка. Мојот татко по цели денови работеше во "Bank of America", и на крајот беше унапреден во помошник заменик директор. Го живеевме американскиот сон, патувавме во Дизни, помагавме во заедницата. Мојот татко почна да подготвува докторат, но во 1995-тата година загина во сообраќајна несреќа.

Почнав да носам хиџаб на 12 години. Семејството ме поддржуваше, но тоа од почетокот беше мој избор. Тоа за мене беше прашање на вера, идентитет и издржливост.

По 11-ти септември, работите се променија. Покрај чувството на шок и ужас, морав да се носам со стравот кој некои деца го чувствуваа кон мене. Ме гледаа со прекор, ме пцуеја и плукаа во јавност и во училиште. Луѓето ме нарекуваа "терорист" и ми велеа да "се вратам во својата земја".

Немав намера да работам за Владата. Бев меѓу оние кои претпоставуваа дека владата сама по себе е корумпирана. Работата во администрацијата на Обама ми докажа дека грешам. Не можете да знаете и разберете нешто од кое не сте дел.


Атмосферата во 2016-тата година беше слична како таа по 11. септември. Тоа што ја правеше полоша е стравот и омразата кои доаѓаа од Американците кои зборуваа од позиција на власт.

Децата од петто одделение во верското училиште каде волонтирав раскажуваа приказни за тоа како ги малтретираат другите деца и наставниците, како не се чувствуваат дека припаѓаат тука и ме прашуваа дали ќе ги исфрлат од земјата ако Трамп победи. Мене еден белец речиси ме прегази со автомобил на паркинг и се смееше, а друг ме следеше и извикуваше вулгарности: "Трамп ќе ве врати назад".

По изборите, одлучив да ја задржам својата работа. Бидејќи не бев поставена по политички клуч, имав опција да останам. Некои колеги ме охрабруваа да останам, а други беа загрижени за мојата безбедност. Внимателно оптимистична, одлучив дека Собранието на Трамп за национална безбедност би можело да има корист од црнкиња, жена, муслиманка со хиџаб која е американски патриот.

Недели пред инаугурацијата нè подготвија и мене и колегите за тоа што мислевме дека ќе дојде, но не за тоа што навистина дојде. Во понеделник, 23-ти јануари, влегов во зградата и видов нов персонал. Наместо возбудата која ја почувствував кога прв пат влегов во Белата куќа под Обама, новиот персонал ме погледна со студена изненаденост. Белата куќа во која работев стана тврдина на мажи со иста боја на кожата.


Деновите кои ги минав во Белата куќа на Трамп беа чудни, страшни и вознемирувачки. Како што кажа еден државен службеник кој во Белата куќа работи уште од времето на Реган: "Ова место го свртеа обратно. Тоа е хаос. Никогаш не сум видел нешто како ова. Ова не е типично за републиканско водство, ниту за администрација на бизнисмен. Тоа е хаотичен обид за тоталитаризам - чудни укази, обвинување на медиумите дека лажат, продавање на лаги и убедување на службениците од Белата куќа дека авторитетот на претседателот околу националната безбедност нема да се доведе во прашање".

Целата структура на поддршка за претседателот, бројните непартиски експерти за право и национална безбедност, внатре во Белата куќа и ширум сите сојузни агенции, активно се поткопуваа. Авторитетот за донесување на одлуки беше централизиран на раката на луѓето од Западното крило. Фрустрацијата и недовербата се ширеа откако дел од персоналот се чувствуваше исклучен од прашањата внатре во нивниот круг на делување. Немаше никакви структури ниту јасно насочување. Ходниците беа страшно тивки додека клучните позиции одговорни за национална безбедност или поврзување со граѓаните не се полнеа.


Публицистите од алтернативната десница, кои се сега персонал во Белата куќа, тврдеа дека Исламот и Западот се меѓусебно во војна. Тоа загрижува бидејќи ИСИС ги користи истите тврдења за да ги оправда своите акции, кои во главно се насочени на муслимани.

Да се стави националната безбедност во рацете на луѓе кои мислат дека "американската различност" е слабост, е опасно. Тоа е лага.

Луѓето од сите религии, раси, етнички групи, сексуална ориентација, пол и возраст се слеале на улиците и аеродромите и ги бранеа правата на своите сограѓани минатите неколку седмици и докажала дека вистината е спротивна - американската различност е сила, исто како и американската посветеност на идеалите за правда и еднаквост”.

No comments

Powered by Blogger.