Блокирана банкарската сметка на Ивона Талевска – можно е да и го одземат и автомобилот?


Банкарската сметка на главната уредничка на весникот "Вечер", Ивона Талевска е блокирана, пишува "Фокус", повикувајќи се на адвокатски извори.

Талевска изгубила два судски спора за клевета и навреда, па сите трошоци паѓаат на товар на оној што го губи предметот. Во случајот Талевска била тужител, односно се почувствувала наклеветена и навредена од новинарски текстови, па поднела две тужби против новинари, една против Бранко Геровски, и втора против Мери Јордановска и Јадранка Костова. Но, бидејќи судот не пресудил во нејзина корист, сега треба да ги подмири трошоците - Скопски адвокат, кој се обидел да наплати долг од Талевска, не успеал бидејќи извршителот му кажал дека сметката е блокирана. Од извршителот дознале дека Талевска има автомобил на свое име, па доколку не ги подмири трошоците ќе се обидат да ги наплатат преку возилото, пренесува Фокус.



пецијалното јавно обвинителство неодамна ја отвори истрагата "Тифани", против Талевска, во која се истражуваат фирмите "Смарт центар" и "Смарт груп" на кои Талевска некогаш била директорка. Според СЈО, овие фирми затаиле данок во вредност од околу 37.000 евра, од кои Талевска сама потрошила над 16.000 евра за долна облека, накит и други добра за лична употреба кои ги пријавувала како трошоци на фирмите со кои управувала.

No comments

Powered by Blogger.