Дали е убиен? Американците не ја откриваат причината за смртта на рускиот амбасадор...


Експерт за судска медицина од Њујорк, нема да ги објавува причините за смртта на амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, соопштено е од неговата канцеларија.
„Со цел да биде испочитувано меѓународното право и правниот протокол, Одделението од Њујорк ѝ наложи на канцеларијата на главниот експерт за судска медицина да не ја објавува причината и карактерот на смртта на амбасадорот Виталиј Чуркин“, стои во соопштението и се додава:

„Како што е укажано во формалните барања на Стејт Департментот, дипломатскиот имунитет на амбасадорот Виталиј Чуркин е на сила и после неговата смрт“, стои во соопштението.


Чуркин ненадејно почина на 20-ти февруари во пресрет на неговиот 65-ти роденден. Тој од 8-ми април 2005-та година ја извршуваше функцијата постојан претставник на Русија при Обединетите нации во Њујорк и беше претставник на Русија во Советот за безбедност при обединетите нации.

Од Министерството за надворешни работи на Русија беше соопштено дека Виталиј Чурки починал на своето работно место, а сеако, теоретичарите на заговор веднаш се посомневаа во можно убиство на рускиот амбасадор. Со необјавувањето на наодите од судска медицина, сега уште повеќе ќе бидат подгреани тие теории.

No comments

Powered by Blogger.