Почнало судењето на Шакалот, најбараниот терорист штитен од Тито: Во судницата влегол насмеан, а му се заканува најстрога казна


67-годишниот Шакал, кој е осуден на доживотна робија за различни напади, влегол насмеан во судницата во Париз.
Еден од некогашните најбарани бегалци во светот, Илич Рамирез Санчез, или Карлос Шакалот, денес се појавил на суд за терористички напад во една париска продавница пред 40 години.



67-годишниот Шакал, кој е осуден на доживотна робија поради различни напади, влегол насмеан во судницата во Париз, пренесува AFP.


Тој во 1994. година бил уапсен во Картум, престолнината на Судан, и веќе служби доживотна казна за убиство на двајца полицајци во Париз во 1975. година, и за убиство на еден либански револуционер. Исто така бил осуден за бомбашки напади во Париз и Марсеј во 1982. и 1983. година, и за гаѓање на возови кога биле убиени 11 лица, а ранети околу 150.


Во наредните три недели ќе му биде судено за уште еден напад, овој пат на продавница во населбата Сен Жермен де Пре во Париз. Во нападот во септември 1974. година, граната паднала на влезот на продавницата и усмртила две лица, а раниле 34.

Како што пренесува агенцијата, Санчез ја демантира вмешаноста во злосторствата од терористичка природа за кои се товари.


Списанието "Al Varan Al Arabi" објавило интервју со Санчез од 1974. година, каде тој признал дека е одговорен за нападот.

Со потекло од Венецуела, овој осуденик прекарот го добил според фиктивниот терорист од приказната "Ден на Шакалот".

No comments

Powered by Blogger.