Страшен масакр во Мосул: Исламската држава ги измами коалициските сили - крената во воздух е зграда со цивили

Пишува: Точка

Авионите на коалициските сили погодиле зграда во која што се наоѓале 130 лица - Исламската држава намерно ги „мамела“ авионите за да се прават такви грешки и да загинат што е можно повеќе цивили.

Деновиве се повеќе информации пристигнуваат за голем број на цивилни жртви во само едно коалициско бомбардирање на зграда во ирачкиот град Мосул, град кој што е под целосна опсада на ирачката армија и коалициските сили кои веќе со месеци се обидуваат да го ослободат од ИСИС.

Имено, како што откриле сведоци, над 130 лица биле затрупани под рушевините, откако зградата во која што биле сместени била погодена во воздушен напад на коалициските сили.



Станува збор за зграда во која што се криеле голем број на цивили бегајќи од вооружените престрелки кои што ги водат ирачките сили и џихадистите на Исламската држава во западниот дел од градот.

Најстрашна вест е всушност тоа што џихадистите на Исламската држава намерно ги „мамат“ коалициските авиони со цел бројот на цивилни жртви да биде што е можно поголем.

Како што открива курдскиот новинар Хевидар Ахмед од новинската агенција "Rudaw", ИСИС има нова тактика - терористите се позиционираат намерно на покривите на зградите, им забрануваат на цивилите да ги напуштат зградите и од таму ги напаѓаат ирачките владини сили.

Поради тоа што нападите ги изведуваат од покривите на зградите, таквиот нивен ангажман лесно го привлекува вниманието на коалициските воздушни сили кои што веднаш ја напаѓаат зградата, а притоа заедно со џихадистите гинат и недолжните цивили кои што се заробени во зградата.
 
  •  

    No comments

    Powered by Blogger.