Нејзините очи ја промениле бојата, а причината за тоа е неверојатна!

Пишува: Точка

Канаѓанката Карли Фрејзер изјавила нешто што го шокираше светот: таа забележала дека нејзините очи станале посветли, а сето тоа било последица на поинаква исхрана – веганска.

Биле потребни шест години на сурова вегетаријанска исхрана за Карли да забележи промена во бојата на нејзините очи. На тоа посведочиле дури и нејзините пријатели, кои ја навеле своето искуство да го сподели со другите. Нивната љубопитност ја охрабрила и јавно да проговори за оваа промена.



Нејзините темнозелени очи со кафеави пеги, после шест години веганска исхрана, станале светли, сивкасто-сини со малку зелен и кафеав дел околу зениците. Оваа приказна заинтригирала многумина, па се огласиле и експертите. Се чини дека очите, вклучувајќи ја и нивната боја, изразуваат се` што нашето тело преживува одвнатре.



Доктор Роберт Морс, специјалист за детоксикација и иридолог,тврди дека суровата храна може да ја промени бојата на очите. За тоа направил и неколку видеа. Иридологијата се користи и како начин за утврдување на здравствената состојба на човекот врз основа на бојата, линијата и дамката на ирисот на окото. Жолтеникавата боја околу зеницата е главниот показател на тоа колку е токсично човечкото тело, тврди доктор Морс. Помалку жолта боја значи и помала токсичност.



„Во тинејџерскиот период секој ден јадев многу чипс, слатки, пици... Мојата мајка секогаш готвеше, но таа храна беше мрсна и не содржеше се` што му беше потребно на моето тело. Имав големи проблеми со варењето и страдав од прекумерна тежина до 15-тата година“, раскажала Карли, пишува порталот Livelovefruit.com.



„Затоа, преминав на сурова, растителна храна. Веднаш се подобри варењето на храната, а симптомот на нервозно црево исчезна. Додавањето на повеќе влакна во исхраната го прочисти моето тело од отрови. Никогаш сум немала толку енергија, никогаш не сум спиела подобро...



А, потоа, моите темнозелени очи станаа многу посветли, што ја покажа состојбата на мојот здрав организам. Но, не се промени само бојата, туку исчезнаа и темните пеги на ирисот“, заклучила Карли.

No comments

Powered by Blogger.