Ова се најсуровите експерименти на Северна Кореја: Некои работи не ги правел ни Хитлер

Пишува: Точка

Благодарение на луѓето кои спасиле жива глава со бегство од Северна Кореја, светот дознал за хорорите кои се случуваат таму.
Недостигот на човекови права, сиромаштијата и бедата во која луѓето во Северна Кореја живеат жртвувајќи се за нивната владејачка гарнитура да ужива во луксуз, и болните казни поради самите "обвиненија за неподдржување на режимот" се само почетокот на хоророт кој тамошните жители го проживуваат.


Иако е многу опасно да се откриваат податоци за тоа што навистина се случува во Северна Кореја, неколку од нив, кои ги ризикувале своите животи и успеале да побегнат, откриле детали за некои ужасни експерименти, кои таму се спроведуваат на луѓето како на стаорци.

Труење со листови кељ

Поранешната државјанка и затвореничка во Северна Кореја, по успешното бегство открила дека 50 жени во затворот биле изложени на болни експерименти. Им давале листови од затруен кељ, кои морале да ги јадат под закана со оружје. Сите 50 жени умреле во рок од половина час откако ја изеле отровната супстанца, со тоа што пред смртта константно повраќале крв и врискале од болка. Доколку одбиеле да јадат, полицијата ќе го убиела нивното семејство, а целта на експериментот не е позната.



Вежбање на хируршки операции на будни луѓе

Еден од најшокантните познати експерименти во Северна Кореја, е вежбање на хируршки операции на луѓе кои се будни и свесни, односно без анестезија. Обично станува збор за луѓе од "понизок ранг", за кои е проценето дека нивниот живот не значи ништо во споредба со медицинскиот напредок кој може да го постигнат. Оваа приказна ја обелоденил поранешен затворски чувар, кој успешно побегнал од државата. Открил дека тие операции најчесто завршуваат неславно, со смрт на пациентот. Понекогаш, за да се осигурат дека пациентот нема да се помрдне, го удираат со чекан во тилот и потоа онесвестен го оперираат. 



Експериментирање со гасови

Поранешниот шеф на обезбедувањето во затворот познат како "Камп 22", опишал дека во составот на затворот се наоѓа лабораторија опремена со отровен гас, гас за гушење и експерименти со крв во кои обично има три до четири лица, а најчесто семејства, експериментални субјекти. Откако минуваат низ медицинските тестирања, коморите херметички се затвораат и се испушта гас или друг облик на отров, додека "научниците" гледаат преку стакло. Човекот открил дека гледал како семејство - мајка, татко и две деца умираат од гас.


Методи на мачење - колено и дрво

Во обидите за усовршување на своите методи за мачење, со кои се извлекуваат бројни "признавања", тие усовршиле брутални техники. Една од нив е таканаречената дрво и колено, во која затворениците мора да клечат на дрвена шипка која е ставена на колено, за да се сопре крвотокот. По една седмица, се губи способноста за одење, а по еден месец се умира - најчесто од сепса. Овој метод најчесто се користи за луѓето со опис "државни непријатели".


Тесирање на деца со тешкотии во развојот

Научник кој побегнал од Северна Кореја во Финска, открил дека во земјата често во тестирањата се користат деца со потешкотии во развојот, кои се третираат како "дефектни примери кои не треба да живеат". На нив се експериментира со хемиско оружје, како антракс, со цел да се види колку брзо ќе умрат.

No comments

Powered by Blogger.