Мрачните тајни на Иванка Трамп: Сите се прашуваат дали е ова вистина

Пишува: Точка

Иванка Трамп ќе работи во Белата куќа „про боно“, односно исклучиво волонтерски и без примање на паричен надоместок, а наводно дошла до таа одлука консултирајќи се со својот татко, бидејќи ја обвинуваа за непотизам. Така, Иванка ќе го потполни работното место на „советничка на претседателот“. Очигледно е дека може себеси да си дозволи ваква бесплатна работа.

Во нејзината биографија може да се прочита дека 35-годишната миленичка на Доналд Трамп е успешен претприемач, економист, автор, модел, сопственик на модна линија и сега советник на најмоќниот човек во Америка.

Според официјалните податоци, нејзиното богатство изнесува импресивни 150 милиони долари во 2017 година. Сепак, типичната приказна за американската богаташка и ќерка на успешен татко има и друга страна, а таа се крие во мрачните тајни кои Трампови со години ги туркаат „под тепих“.



Омажена е за мафијашко семејство

Иванка е омажена за Џеред Кушнер, магнат за недвижнини и сопственик на издавачка куќа кој исто така работи како советник во администрацијата на Трамп. Таткото на Кушнер, Чарли, поминал две години во затвор поради даночна измама. Освен тоа, бил осуден за илегални донации на политички кампањи, а бил и висок сведок во разни крими – драми поврзани со мафијата, пишува порталот „The Richest”.

Наводно, Џеред е вистински син на својот татко кој го наследува во сите работи, па така и во мафијашките. Иако изгледаат како совршен пар, односот помеѓу Иванка и Џеред не е идеален и тие имаат свои проблеми. Само една година пред закажаната венчавка, раскинале поради наводни „религиски разлики“.

Имено, Иванка е презвитеријанец, додека Кушнер е православен Евреин. Неговите родители се надевале дека ќе се ожени за Еврејка, но успеале да ја прифатат Иванка откако таа ја прифатила нивната религија.



Со тајни вечери до политичка цел

Во деновите пред инаугурацијата на нејзиниот татко, Иванка Трамп наводно организирала цела серија на тајни вечери чија цел било остварување на нејзини лични политички цели. Така, таа ја угостила Венди Мурдок, која и` давала совети како да го искористи движењето на феминизмот во своја корист, но и со низа извршни директори со кои деловно се поврзала, наводно ветувајќи им привилегии кога таа и нејзиниот татко ќе завладеат со Белата куќа.



До кариерата на модел стигнала со пластични операции

Иако наводно е многу чувствителна на самото споменување на естетските зафати и одлучно ги негира тврдењата дека корегирала нешто во својот изглед, хирурзите тврдат дека нејзиниот изглед доживеал драстична промена која и` овозможила да се најде на насловните страници на модните магазини.



Ја користела кампањата на нејзиниот татко за да ја промовира својата модна линија

Додека многумина Иванка ја нарекуваат „тајното оружје на Доналд Трамп“, прашање е кои се нејзините мотиви во целата таа политичка игра, а многумина сметаат дека се исклучиво егоистички и финансиски. Низ целата кампања на нејзиниот татко, Иванка носела облека исклучиво од сопствената модна линија, а за време на својот говор на Републиканската конвенција, дури ја проследила целата работа со твит чиј хаштаг бил „купите го изгледот на Иванка“, пишува „Tha Richest”.



Продава евтина облека од Кина и Виетнам

Самата модна линија на Иванка е извор на многу контроверзии. После изборите, во јавноста протекоа информации дека поголемиот дел од стоката се произведува надвор од САД, што е против политиката на Доналд и „враќањето на работните места на Американците“. Така, повеќето нејзини парчиња облека се изработуваат во Виетнам и Кина, познати по нехуманите услови за работа и исклучително евтината работна сила која и` овозможува огромен профит, пишува Express.hr.



Вистината за односот со нејзиниот татко

Се чини дека семејните албуми на Трампови се полни со фотографии кои би можеле да се наречат непримерни за татко и ќерка. Речиси романтичните и љубовничките пози, како и бројните изјави во кои самиот Трамп зборувал дека, ако не му била ќерка, самиот ќе се оженел за Иванка, предизвикаа многу негодувања во јавноста. Психолозите ваквиот однос го толкуваат како несоодветен и бизарен. Пријателите на семејството сведочат дека тие двајца отсекогаш имале исклучително близок однос, секојдневно разговарајќи по неколку пати, а Иванка наводно ниту една професионална ниту приватна значајна одлука не ја носела без претходна консултација со нејзиниот татко.

No comments

Powered by Blogger.