Бизарни тајни на Титаник: Од опиум до електричен коњ


Освен најбогатите патници во тоа време, на Титаник се наоѓале и некои многу необични, но и непроценливи предмети кои завршиле на морското дно.

Трагичната приказна на неуништливиот брод, кој потонал по удар во ледена санта и понатаму е тема на многу документарни и играни филмови, како и книги. Повеќе од 1.500 луѓе ги загубија животите на 15 април, 1912 година со потонувањето на бродот. Но, она што малкумина го знаат е дека заедно со нив, на дното на окенаот завршиле и неколку необични предмети.

Електрични кади

Богаташите, кои масно платиле за своите билети, со себе понеле некои работи кои би им го направиле патувањето поудобно. Во раните 1900-ти, електричните кади биле толку голем здравствен тренд што една од нив се нашла и на Титаник. Нив, жените ги користеле наутро, а мажите ги користеле попладне и навечер. Патниците што сакале да уживаат во моќните УВ-зраци, морале за тоа да платат билет по цена од еден долар.



Опиум

Иако по одлука на Конгресот, користењето на оваа дрога било забрането, сепак опиумот се нашол на Титаник. Тој бил многу популарен во медицината, па затоа и со таа причина го внеле на бродот, иако повеќе го користеле од хедонистички причини.

Една од најскапите работи на Титаник била маслото на платно на светски познатиот француски уметник Мери Жозеф Блондел со наслов La Circassienne au Bain. Сопственикот на оваа слика бил шведскиот бизнисмен Мориц Хокан Бјормсторм-Стефанос, кој го преживеал бродоломот и од осигурителната компанија земал 2,4 милиони долари за сликата.

Машина за мармалад

Многумина, на почетокот на 20. век користеле машина со која го сецкале овошјето за мармалад. Една таква машината за мармалад се нашла и на Титаник, чија сопственичка била 27-годишната Едвина Силија Троут. Во целиот метеж, таа ја оставила својата машина за мармалад да потоне, а подоцна барала оштета од осигурителната компанија.



Електричен коњ

Теретана на луксузен брод не е ништо ново, меѓутоа опремата во теретаната на Титаник има била повеќе од необична. Таа, меѓу другото, поседувала и електричен коњ – машина за вежбање која симулирала јавање.

Мачката Џени

Многу бродови од тоа време имале по една мачка на палубата, која одржувала ред и ги бркала глувците. Титаник ја имал Џени, која била службена маскота на бродот.



Турска бања

Со оглед на тоа што Титаник бил еден од најлуксузните бродови некогаш направени, фактот што поседувал и луксузна турска бања, која им била на располагање на патниците од прва класа и не е така невообичаен. Денес, во оваа бања евентуално се релаксираат рибите на дното од океанот.

Ракопис на Џозеф Конрад

Титаник носел седум милиони пратки од Велика Британија за САД. Една од нив бил и ракописот „Карејн: Сеќавање“ од познатиот викторијански автор Џозеф Конрад. Ракописот бил наменет за американскиот адвокат од Њујорк - Џон Квин, кој бил колекционер на оригинални ракописи.

No comments

Powered by Blogger.