Ова куче-скитник продолжува да и' носи подароци на жената која го храни


Запознајте ја Туа Плу, куче скитник кое знае понешто за добри манири и секогаш носи по некој мал подарок за жената која го храни.

"Кога е гладен, ќе ви понуди нешто за возврат за храна", Орван Каевла од Тајланд, жената која ги храни кучињата скитници.


"Секој ден се појавува со нешто ново во неговата уста - најчесто обичен лист од растение, или лист хартија. Па пред да ги нахранам другите кучиња едноставно морав прво да им дадам храна на Туа Плу и неговата мајка".


Кучето знае дека овој вид на однесување е многу подобар отколку едноставно да отиде директно до чинијата со храна која им е понудена на кучињата скитници. Видеото кое го објавила оваа жена, од љубезното кученце со добри манири станало вирално и го обиколило светот стекнувајќи обожаватели ширум светот, оставајќи ги луѓето да прашуваат дали можат да го посвојат. Се надеваме дека тој и неговата мајка наскоро ќе најдат дом исполнет со љубов - некој многу среќен сопственик кој ќе биде опсипуван со подароци секој ден.







No comments

Powered by Blogger.