Неколку ситуации во кои светските лидери не успеаа да ги сокријат солзите

Политичарите најчесто ги кријат своите чувства, но понекогаш дури ниту тие не можат да се воздржат од емоциите. На крај - и тие се само луѓе.
Владимир Путин

Владимир Путин на 4-ти март, 2012-та година повторно беше избран за претседател на Русија по трет пат. Следниот ден, додека го одржувал говорот на собирот во Москва тој бил толку трогнат што не успеал да ги задржи солзите. Тој подоцна изјави дека солзите биле последица од силниот ветер.


Барак Обама

Поранешниот американски претседател Барак Обама има јавно заплакано неколку пати. Обама беше особено емотивен за време на својот проштален говор додека и' се заблагодаруваше на својата сопруга Мишел. "Мишел, изминатите 25 години не беше само моја сопруга и мајка на нашите деца, туку и мојот најдобар пријател" - признал претседателот.


Британската кралица Елизабета

Кралицата речиси никогаш не ги покажува своите емоции во јавноста. Меѓутоа на 17-ти мај 2016-та година започнала да плачее за време на свеченоста во чест на паднатите борци. Пред овој инцидент, кралицата пуштила солза и во 1997-мата година во јавност.


Џорџ Буш

Буш бил забележан како плаче во јавност на 11-ти јануари, 2007-ма година за време на церемонијата во чест на американскиот маринец кој загина во Ирак за да ги спаси своите колеги - војници.

No comments

Powered by Blogger.