Мистериозниот платеник кој обучува екстремисти: Никој не знае каде е... Преживеал бомбардирање на неговиот дом, а се плаши само од...

Пишува: Точка

Во крвопролевањето кое што трае во Сирија веќе со години, многумина пронајдоа најразлични извори на заработка.
Тоа што е Blackwater на Западот, тоа е Malhama за џихадистите - приватна воена компанија која што делува во неколку земји ширум светот, меѓу кои секако е Сирија. Имено, Malhama во превод значи „големата војна“ или „армагедон“.

Тие се опремени со најмодерна воена опрема баш како што е случај и со останатите приватни воени компании, но разликата е во тоа што Malhama не е од Западот, односно борците на оваа организација се специјализирани за обука на џихадисти, односно екстремисти.

Malhama располага со десетина инструктори кои што доаѓаат во главно од централн Азија, а основач е Узбекистанецот Абу Рофик кој што својот бизнис го опишува како „забавен и достапен за сите“, а кон крајот на минатата година Malhama бараше и нови искусни инструктори. Тој вели дека неговата работа има верски аспект затоа што сака да им помогне на „угнетените Сунити“ и надвор од Сирија.


Пред да ја основа Malhama, Рофик во Сирија пренесувал искусни борци од Кафказот кои што набрзо станувале најценетите борци на тоа подрачје, пред се поради нивното искуство во Чеченската војна. Тие за кратко станале советници на сириските екстремисти.

„Ниту една група не даваа добри совети, освен Узбекистанците од Malhama кои што беа со нас некое време. Сите беа млади, но рекоа дека биле во војска со Русите. Имаа добро оружје и беа многу професионални“, изјавил еден од борците кој што се борел за Ал Нусра Фронт, сирискиот огранок на терористичката организација Ал Каида.

„Тие се бореа и во Алепо, но најмногу се плашеа да не бидат заробени. Рекоа дека Русите веднаш ќе ги ликвидираат ако ги заробат“, додал истиот екстремист.

Абу Рофик, првиот човек на Malhama бил мета на воздушен напад во провинцијата Идлиб во кој што тој успеал да спаси жива глава, но во нападот на неговиот дом загинале неговата жена и дете. Неговата судбина засега е непозната, а иако има гласини дека е загинат, неговите соборци одлучно го демантираат тоа.

No comments

Powered by Blogger.