Хороскопски знаци кои се најзлобни кон партнерот


Верувале или не, постојат некои сличности кои секој ќе ги препознае во себе, својот партнер, своите роднини или пријатели. И додека едни особини на знаците се вредни за пофалба, другите никој не сака да ги признае за себе.

Дознајте кои хороскопски знаци се најопасни како партнери.

Овен

Верност: Доколку во неговата глава не е тоа – тоа, Овенот е склон кон изневерување и тоа не е реткост. Но, ако вистински се вљуби, тогаш сака со целото свое срце.

Љубомора: 75%

Бик

Верност: Биковите сакаат сигурност и среќа кои носат цврста и стабилна врска. Тие не се склони кон изневерување и често знаат да одолеат на секакво искушение.

Љубомора: 65%

Близнаци

Верност: Иако можеби сакаат да бидат верни и лојални, нивниот шарм е доста тежок за одолевање. Близнаците кои не се во сериозна врска обожаваат флертување, дури и кога не сакаат ништо повеќе од дружба. Но, кога вистински ќе се заљубат, тие ќе направат сè за својот партнер.

Љубомора: 25%

Рак

Верност: Ако нивната врска е квалитетна за чување и одржување, Ракот ќе Ви биде верен до самиот крај. Но, со обѕир на нивните прилично големи барања, цврстите врски можат многу лесно да се претворат во нешто што не е вредно за спасување. Раковите се верни додека се среќни во врската.

Љубомора: 85%


Лав

Верност: Со вистински зборови и гестови, Лавот може многу лесно да го заведете, но тоа не значи дека тој ќе ја жртвува својата врска. Луѓето родени во овој знак имаат тенденција да ставаат сè “на вага” за да проценат што повеќе им одговара. Тие имаат цврсто его поради кое е тешко да ги скротите.

Љубомора: 80%

Девица

Верност: Девиците се многу верни личности а истото го очекуваат и од својот партнер. Но, овој знак во долга врска може да стане лабилен, посебно ако му се допадне нечие ласкање. Тие тешко се заљубуваат.

Љубомора: 40%

Вага

Верност: Вагите сакаат да експериментираат, како во животот, така и во врските. Поради тоа тие не се верни партнери и често знаат да уживаат во љубовните авантури. Но, доколку се заљубат, тие лесно остануваат во долга врска.

Љубомора: 50%

Шкорпија

Верност: Шкорпиите се познати како големи шармери и заводници, дел поради нивните посебно одбрани зборови, а дел поради силниот сексапил со кој зрачат. Иако се склони кон авантури и сакаат да пробуваат нови нешта, Шкорпиите знаат да одберат еден партнер на кој цел живот ќе му бидат посветени.

Љубомора: 90%


Стрелец

Верност: Стрелците се друштвено активни и популарни, поради што верноста не е нивна добра карактеристика. Тие сакаат стабилни врски, но повремено знаат да си приуштат и некоја кратка авантура.

Љубомора: 20%

Јарец

Верност: Овој знак цврсто стои на земја и не му се потребни никакви ласкања за да го нахрани своето его. Јарците се верни и лојални партнери, и секогаш се спремни да се жртвуваат за вистинската љубов.

Љубомора: 30%

Водолија

Верност: Непредвидливи љубовници кои е тешко да се контролираат. Тие сакаат да се впуштаат во љубовни игри поради кои често завршуваат со изневерување. Водолиите се многу несигурни во љубовта поради кое често стануваат ранливи и се склони кон експериментирање.

Љубомора: 10%

Риби

Верност: Рибите се отворени личности кои сакаат да “пливаат” во друштвените и љубовните води. Врските им се долги и стабилни, а кога сакаат, тие сакаат искрено и тоа го докажуваат со своите дела. Исто така, Рибите не се склони кон авантури.

Љубомора: 70%

No comments

Powered by Blogger.