Овие држави ќе ви платат да се доселите: Бесплатна земја, стока, стипендија...само дојдете!

Пишува: Точка

Од пропаднати велеградови, до гратчиња со само 50-тина жители, сите тие сакаат било кој да дојде и да живее таму.

Доколку сакате да го промените ритамот и доколку ви здодеала монотонијата на вашиот град, зошто не се отселите? Секако, преселувањето е стресно и скапо, но постојат и некои места кои дури и ќе ви платат за да се преселите кај нив.

Алјаска

Сакате темни зими и голо земјиште? Преселете се на прекрасната Алјаска. Поради климата и далечината, Алјаска со задоволство ги поттикнува граѓаните да се доселат. Секој жител на Алјаска добива 2.000 долари само затоа што живее таму. Дури и новороденчиња ја добиваат таа сума на пари. Па, ако ви се допаѓаат планини, ледници, рибарство и лета кои не надминуваат 18 степени Целзиусови, размислете за живот на север.



Њу Хејвен, Конетикат

Кога ќе размислите за универзитетот Јејл, замислувате богати белци како расправаат за актуелната политика во собите за состаноци на бројни тајни друштва. Меѓутоа, реалноста е малку поразлична.

Њу Хејвен, домот на угледниот универзитет, има проблем со злосторствата и неодамна бил вториот најопасен град со средна големина во САД. Поради тоа градот нуди 10.000 долари бескаматен заем за купување на првата недвижнина, а ако живеете подолго од пет години, заемот ви се опростува.

Можете да добиете 30.000 долари за енергетска обнова на недвижностите, а ако живеете подолго од 10 години, ни тој заем не мора да го враќате. Дури и на средношколците кои имаат добри оценки им се нуди школување во било кое училиште во Конетикат.


Балтимор

Уште еден град кој има проблеми со криминалот е Балтимор. Прогласен е за седми најопасен град во САД, а станал славен и по бруталната серија "String". На потенцијалните доселеници им се нудат 5.000 долари за купување на недвижнини, а ако сакате да купите напуштена куќа, било каде во градот, ви нудат 10.000 долари.

Детроит

Сите веќе знаат дека Детроит е град на духови, барем ако сте погледнале некој спот на Еминем. Лајв Даунтан програмата им овозможува на луѓето да купуваат недвижнини во центарот на градот. Ако купувате недвижнина, ќе добиете 20.000 долари заем, кој во одредени услови нема да мора да го вратите. Дури и закупците добиваат некои олеснувања, па така добиваат 2.000 долари заем и по 1.000 долари секоја наредна.

Канзас

"Тото, мислам дека веќе не сме во Канзас", рекла Дороти од книгата "Волшебникот од Оз". Слична изјава повторуваат бројни поранешни жители на таа сојузна држава, и тие сега сакаат тоа да го променат. Градот Линколн ќе ви даде, бесплатно, парче земја за изградба на семејна куќа. Но, државата нуди и даночни олеснувања или отплата на студентски кредити, само треба да одлучите да живеете во руралниот дел на државата.


Њу Ричланд, Минесота

Дека Канзас не е единствен, докажува Њу Ричланд кој нуди земја за изградба на семејна куќа. Па, ако ве интересира осамен живот и дебел температурен минус, можеби тоа е вистинското место за ва.

Пајпстон, Маитоба

Не е само Америка очајна поради недостигот на жители. Дури и Канада има проблеми со одливот на жители и поради тоа Пајпстон во Манитоба нуди земјиште. За волја на вистината, земјиштето не е бесплатно, но со 1.000 долари можете да ја резервирате земјата, а да ја купите за само 10 дополнителни. Покрај тоа, ако се одлучите на започнување на сопствен бизнис, ви нудат 32.000 канадски долари помош.


Остров Матсујкер, Тасманија

Ако сакате нешто ново, но не ви одговараат северните климатски прилики, размислете и за јужните. Островот Матсјукер, во близина на јужниот брег на Тасманија, секоја година бара пар волонтери кои ќе живеат со месеци сосема сами. Волонтерите мора да поднесуваат редовни извештаи за времето, да го одржуваат светилникот и едноставно да припазат на инфраструктурата.


Селото Мишима во Јапонија

Селото има големи проблеми со населението. Останале само 400 луѓе и во главно се старци. За да го зголемат бројот на жители, нудат околу 800 долари за преселување и дополнителна месечна помош за навикнување на животот. Ако сте самци, ќе ви платат и за неколку излегувања, ако имате деца ќе ви платат за нивно образование. Покрај сето ова, ќе си добиете и своја крава.

Oстров Паткаирн во Јужен Пацифик

Еден од најоддалечените острови на светот, со само педесетина жители. Тоа е, на кратко, Питкаирн. Поради малиот број на жители, само сакаат да привлечат нови луѓе, и поради тоа нудат земјиште, само да дојдете. И покрај примамливата понуда, досега се пријавило само едно лице. Можеби затоа што имаат само една продавница која работи три дена во неделата и сè се нарачува од Нов Зеланд за наредните 3 месеци.



No comments

Powered by Blogger.