Ментална диета која ги топи масните наслаги од стомакот

Пишува: Точка

Том Венуто, професионален бодибилдер и персонален тренер е креаторот на диетата Body Fat Solution односно диетата која топи масни маслаги. Оваа диета не нуди краткорочни решенија ниту инстант пристап, а самиот автор истакнува дека слабеењето е долг и макотрпен процес, во кој мотивацијата за долгорочни промени е од големо значење.

Венуто во фокусот ги става психолошките и емоционалните шаблони на исхраната, додека самите прехрамбени навики и вежбите се ставени во сенка.


Ментален пристап кон губење на масното ткиво

Според зборовите на Том Венуто, слабеењето и губењето на масни наслаги не може да се реши со модерните диети и краткорочниот фокус на исхраната. Проблемот е многу покомплексeн и го опфаќа секој дел од животот: од социјалните интеракции до емоционалното здравје. Со тоа, тежиштето на самата диета паѓа на менталниот тренинг – низа техники и совети како да ги промените менталните навики и да ги избегнувате емоционалното прејадување.



Пример, една од техниките за репрограмирање на менталните обрасци е секој ден да издвојувате 5 до 10 минути и да мислите на тоа какво тело посакувате. Притоа, не е доволно само да го визуализирате телото, туку и да размислувате на своите чекори кон постигнување на таа цел, како што е одењето во теретана или одбивање на брза храна во друштвото.

Прв принцип на диетата

Менталниот тренинг е првиот принцип на диетата. Преостанатите 4 вклучуваат разновидна исхрана, максимизирање на метаболизмот, изградба на мускулна маса и поддршка од најблиските. Сепак, некои конкретни прехрамбени намирници е здраво да ги исфрлите од Вашата диета, како што е рафинираниот шеќер. Вежбањето е важен дел од диетата, а препорака е што повеќе да вметнете тренинзи за сила и кардио вежби.

За крај, Том вели дека за долгорочно одржување на постигнатата телесна маса, еден од советите е да си поставите “дозволено отстапување” од 2 килограми. Во тој момент кога вагата ќе Ви покаже 2 килограми повеќе во однос на постигнатата идеална маса, време е повторно да се активирате и што порано да ја вратите својата линија.

Предности на диетата

Авторот на диетата е свесен колкава улога имаат емоциите на нашиот внес на храна. Поради тоа, тој препорачува низа совети како да ги откриете вистинските причини за претераниот внес на храна, со што истите би се елиминирале. Уште една позитивна работа кај оваа диета е тоа што истата доволно Ве мотивира, за разлика од останатите диета кои демонизираат одредени намирници и приоритетот го ставаат на секојдневното вежбање.



Недостатоци на диетата

Диетата не дава конкретни информации, ниту структуриран план на исхрана. Исто така, недостасува индивидуален пристап кој би целел кон оптимални резултати.

Пример на мени за исхрана:

• појадок – варено јајце, тост
ужина – јаткасти плодови
• ручек – салата од лисест зеленчук, пилешко на грил, пченка, наут, маслиново масло и балсамико оцет
• вечера – риба и печен компир

No comments

Powered by Blogger.