Се враќаат во Скопје откако го заобиколија светот со мотор!

Пишува: Точка

По милион километри пропатувани низ светот, во сабота ќе пристигнат во Скопје, а во чест на нивниот подвиг, тие ќе бидат дочекани на градскиот плоштад околу 14:00 часот.

Авантуристите Ивана Чолаковска и Мануел Торес, кој четири години патувааа низ светот со мотор, во сабота се враќаат во Скопје. 



Овој брачен пар, го остварија својот сон и храбро му се препуштија на подвигот кој ги овековечи во уникатноста дури во светски рамки – да се заобиколи светот на мотор, без притоа да се преноќева во хотели.

 


Ивана и Мануел заедно поминаа пет континенти, многу држави, возејќи и низ региони малку познати за туристи со најразлични временски услови. 


Авантурите од секоја земја Ивана ги забележува на блог и фан страница на Фејсбук низ видеа и слики.

По милион километри пропатувани низ светот, в сабота ќе пристигнат во Скопје, а во чест на нивниот подвиг, тие ќе бидат дочекани на градскиот плоштад околу 14 часот. Тие ќе пристигнат во придружба со мото клубот "Вепар", но и со претстваници на други мото и велосипедски клубови.


Исто така, на пречекот ќе присуствуваат и добитници на овогодинешната награда "Златна Бубамара", а ќе има и музичка забава во организација на "Бубамара". 

Ивана и Мануел на граница во Гевгелија би требало да пристигнат вo сабота околу 10.30 часот.

No comments

Powered by Blogger.