Американците демонстрираат сила, а Северна Кореја се заканува со „немилосрдни напади"

Пишува: Точка 

Американскиот носач на авиони USS Carl Vinson се приклучи на големите воени вежби во близина на брегот на Јужна Кореја, а севернокорејските власти тврдат дека тоа е провокација и упатија нови закани.

Американскиот носач на авиони USS Carl Vinson се приклучи на големите воени вежби кои што моментално американската и јужнокорејската војска ги изведуваат на територијата и во близина на брегот на Јужна Кореја.

Пристигнувањето на американскиот носач на авиони, секако не помина незабележано од властите од Пјонгјанг кои што и овој пат, не пропуштија да упатат остра порака до властите од Вашингтон и Сеул.


Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, севернокорејските власти ги предупредиле Американците дека ќе се соочат со „немилосрдни напади“ доколку го повредат суверенитетот на Северна Кореја за време на воените вежби со нивните јужнокорејски сојузници.

Општо познато е дека Северна Кореја е голем противник на американско-јужнокорејските воени вежби кои што се одржуваат на територијата на Јужна Кореја по неколку пати годишно. Според властите од Пјонгјанг, тие воени вежби се јасен показател дека САД и Јужна Кореја се подготвуваат за инвазија на нивната земја.


Тензиите дополнително пораснаа на Корејскиот полуостров откако Северна Кореја тестираше хидрогенска бомба, а потоа и во неколку наврати беа тестирани балистички ракети кои што ги разлутија властите од Јужна Кореја, Јапонија како и САД.

Како резултат на таквото однесување на севернокорејските власти, итно беа воведени нови санкцииза Северна Кореја, а Американците постигнаа договор со Јужна Кореја за распоредување на против-ракетниот систем "THAAD" на територијата на Јужна Кореја. Инаку, вреди да се спомене дека на таквиот потег, покрај Северна Кореја, незадоволство изразија и Кина и Русија.

No comments

Powered by Blogger.