Драма во германскиот град Есен: Затворен е трговскиот центар поради закана од терористички напад


Полицијата веднаш го затворила трговскиот центар во германскиот град Есен по "веродостојните дојави" за неизбежен терористички напад. "Нашите досегашни истражувања укажуваат на ризик за напад во трговскиот центар", соопштиле од локалната полиција.


"Полицијата интензивно се обидува да ја разјасни позадината на заканите со помош од голем број експерти", додаваат.



Природата на заканата на која е изложен трговскиот центар се уште не е објавена за пошироката јавност. 



Иако заканата се однесува само на трговскиот центар, блокирани се и околните улици и влезовите во објектот.



Трговскиот центар ќе биде затворен цел ден.

View image on TwitterView image on Twitter
Schwer bewaffnete Polizisten sichern Einkaufszentrum am  Platz in . 200 Geschäfte bleiben nach einer Anschlags-Drohung zu.


Дури и на Фејсбук страната на Трговскиот Центар е објавено од нив самите дека тој ќе биде затворен со цел "да се елиминира потенцијалната опасност за посетителите"..



Овој голем трговски центар има околу 170 продавници и во просек дневно го посетуваат 60.000 посетители.

No comments

Powered by Blogger.