Војната во Сирија „произведе" нова болест: Децата патат од токсичен стрес...


Пишува: Точка

Поради константните пукотници, воздушни удари и насилства, децата во Сирија живеат во константен страв, а најмалку три милиони деца помали од шест години не знаат како воопшто изгледа мирот.

Сириските деца покажуваат симптоми на „токсичен стрес“ и се склони на самоповредување и самоубиства поради долгата изложеност на војна, стои во студијата „Невидливи рани“ на меѓународната организација за заштита на децата - Save the Children.

Шесте години крвава граѓанска војна произведоа длабоки психолошки проблеми кај најмладите во Сирија, па таму е поголема можноста децата да заболат од срцеви заболувања, дијабетис и депресија, како и да злоупотребуваат супстанци.

Во Сирија за време на граѓанската војна животот досега го загубија над 300 илјади жители, повеќе од половина од популацијата е раселена, додека пак 600 илјади граѓани живеат под опсада. Најстрашниот факт е дека три милиони деца помлади од шест години воопшто не знаат како изгледа мирот.


Поради константните пукотници, воздушни удари и насилства, децата во Сирија живеат во константен страв кој што може да доведе до токсичен стрес. Ако не се лекува, оваа состојба остава доживотни последици на менталното и физичкото здравје.

„Децата со кои што разговаравме премногу се исплашени да си играат надвор или да одат во училиште, а веднаш скокаат на земја кога ќе слушнат некој посилен звук“, изјави претседателката на организацијата, Керолајн Мајлс.

Константната психолошка напнатост кај децата се манифестира, меѓу другото, со ноќно и неконтролирано мокрење, проблеми со говорот и злоупотребување на супстанци. Исто така, пријавено било дека драстично е зголемен бројот на самоповредувања и обиди за самоубиства меѓу децата до 12 годишна возраст.


Некои деца за време на разговорите изјавиле дека сакаат да умрат за да можат да одат во рајот и таму да јадат и да си играат. Истражувањето покажало дека дури 78 проценти од децата чувствуваат екстремна тага, а две третини загубиле некој член од семејството или нивната куќа била бомбардирана.

Граѓанската војна во Сирија изврши голем притисок над целото општество во Сирија, па забележан е пораст на семејното насилство, а децата едноставно нема на кого да му се обратат. Овие „невидливи рани“ би можеле трајно да оштетат цели генерации на Сиријци и сериозно да го загрозат обновувањето на земјата после војната.

No comments

Powered by Blogger.