Малку поинакви „Пријатели“: Што ако Џои и Чендлер ги глумеа овие актери наместо Мет Лебланк и Метју Пери?

Пишува: Toчка

Џон Фавро, кој се појави во филмот „Swingers“, ја одбил улогата на Чендлер Бинг во мегапопуларната хумористична серија „Пријатели“. На крајот, Чендлер го олицетвори Метју Пери.

Славниот холивудски актер Винс Вон (46) своевремено конкурирал за улогата на Џои Трибијани во популарната серија „Пријатели“, но директорот на NBC го одбил. Наместо тоа, Винс се појави во хит филмот „Swingers“ на режисерот Даг Лиман, а шармантниот Џои Трибијани во серијата го глумеше Мет Лебланк (49).





Од друга страна, актерот Џон Фавро (50), кој исто така се појави во филмот „Swingers“, ја одбил улогата на Чендлер Бинг во споменатата серија. Таа улога, како што сега веќе добро ви е познато, на крајот ја добил Метју Пери (47). Сепак, Фавро на крајот кратко се појави во серијата „Пријатели“, кога во третата сезона го олицетвори ликот на Пит Бекер.



Можете ли да си ја замислите легендарната серија со сосема поинакви актери како нашите омилени ликови Џои и Чендлер? Ниту ние.



„Пријатели“ премиерно беа прикажани во 1994 година и станаа една од најпопуларните серии на сите времиња, а благодарение на серијата, со светска слава се стекнаа и сите членови на оригиналната актерска екипа – Мет Лебланк (Џои), Метју Пери (Чендлер), Дејвид Швимер (Рос), Џенифер Анистон (Рејчел), Кортни Кокс (Моника) и Лајза Кудроу (Фиби).

Инаку, 13 години по завршувањето на емитувањето на серијата, нашите омилени пријатели прилично се изменети...

No comments

Powered by Blogger.