Ѕверот од Кандахар повторно во акција: Најстрого чуваната американска технологија добива нова намена


Фотографот фотографирал нешто што личи на нова варијанта на невидливото беспилотно летало од типот "Rq-170", и има своја теорија за очигледната модификација.
Новата верзија на стелт дронот наречен "Ѕверот од Кандахар" била фотографирана над американското небо, а експертите сметаат дека супертајното оружје се подготвува за нова мисија.

Тајлер Роговеј, уредник на блогот "The War Zone", кој ексклузивно ги објавил фотографиите од модифицираниот "RQ-170", има своја теорија за очигледната модификација.


“RQ-170 со електрично-оптички сензор и тоа за што повеќето експерти сметаат дека високо чувствителен "AESA" синтетички радар, би можел да стане потентно летало за надзор и утврдување на мети во поморски и приморски воени операции", рекол фотографот.

За да се тестираат таквите способности на RQ-170", потребно е леталото да биде подложно на поморска работа, што во пустината Невада не е возможно, но во базата Вандербег е.

Доколку Роговеј е во право, и "RQ-170" добие поморска улога, леталото би го проширило својот и онака импресивен профил.

No comments

Powered by Blogger.