Ужасната судбина на гордоста на флотата на СССР: Светското чудо кое што беше продадено за старо железо


Советите во 1971-ва година направија вистинско чудо од брод - станува збор за комуникациско-научниот брод „Космонаут Јуриј Гагарин“.

Беше најголемиот брод од таков тип на светот и предводник на флотата од десетте такви слични советски бродови. Со своите 231 метар должина, 32 метри ширина и уникатен изглед на палубата, овој брод многумина го сметаа за светско чудо. Бродот ја унапреди советската комуникација со сателитите, но наместо музеј, му се случи Украина и доби целосно незаслужен и неславен крај.

На палубата имал четири диск антени, две големи и две помали. Служел како поддршка за советската вселенска програма, војската и за истражување на горните делови од земјината атмосфера и вселената. Моторот на овој брод произведувал 14 илјади киловати и 19 илјади коњски сили, со автономија на пловење од 32 илјади километри без полнење на гориво.


Имал екипаж од 136 морнари и 220 научници. Бродот располагал со дури 1250 простории, вклучувајќи и 86 научни лаборатории и бил во сопственост на Советската академија на науки.

Служел за следење на лансираните балистички ракети во Тихиот океан. Секако, негова примарна мисија била да ги следи Сојуз леталата и советската поранешна вселенска станица „Мир“. Накратко, бродот „Космонаут Јуриј Гагарин“ го зголемил комуникацискиот домет со вселенските летала на СССР, а во 1975-та година учествувал во советско-американската „Аполо-Сојуз“ пробна програма.

Советите на овој брод ја инсталирале својата најмодерна технологија и за „Гагарин“ може да се каже дека тогаш бил најголемата светска пловечка лабораторија, а иако Советите изградиле уште 10 слични бродови, сепак „Гагарин“ бил нешто посебно.


Со почетокот на 90-тите и распадот на СССР, тој брод и сите останати бродови биле дел од наследството на Советскиот сојуз, а сите поранешни држави имале право на дел. Со оглед на тоа што „Гагарин“ бил стациониран пред се на пристаништата во Украина, Украинците го добиле „Гагарин“, плус уште еден научно-комуникациски брод - „Академик Сергеј Коровљев“.

Тука и започнува тажниот крај на овој уникатен брод. Украинците немале средства за да го одржуваат и не знаеле што да прават со него, а во 1996-та година одлучиле да престанат да го финансираат екипажот. Екипажот на бродот, возвратил така што започнал да зема делови од бродот и да ги продава на црниот пазар.


Се што можело да се земе, било продадено. Така неповратно биле загубени музејски колекции и вредни парчиња технологија. Истата година, Украинците ангажирале австралиска компанија да го рециклира и го продале по цена од 160 долари за тон (8,5 милиони долари според податоците на Википедија).

За да го прикријат срамот, тие го промениле името на бродот пред тој да исплови кон Индија каде што бил расклопен. Бродот бил преименуван во „АГАР“ и набрзо потоа бил уништен. Гордоста на советската научна заедница и бродоградбата денес може да се види само на фотографии и ретките видео записи.

No comments

Powered by Blogger.