Хорор во Германија: Четворица мажи со секири напаѓале патници на железничката станица во Дизелдорф


Нови инциденти во Германија - Синоќа четири лица започнале да напаѓаат патници на главната железничка станица во Дизелдорф со секира.
Како што пренесуваат германските медиуми, најмалку четири лица се повредени, а „Билд“ пренесува дека можно е бројката да порасне. Германските медиуми доцна синоќа пренесуваа дека на железничката станица во Дизелдорф имало луѓе кои што лежеле во крв.

Полицијата успеала да уапси двајца напаѓачи, додека останатите двајца се во бегство. Портпаролот на германската полиција потврди дека е во тек голема полициска акција во сите краеви на Германија за пронаоѓање на останатите двајца напаѓачи.

Мотивот за нападот се уште се утврдува, а не е исклучена можноста дека станува збор за терористички напад. Набрзо после нападот, била прекината железничката мрежа во регионот околу Дизелдорф.

No comments

Powered by Blogger.