Трамп повеќе не смее да користи Андроид – ќе добие “детска играчка”Трамп повеќе не смее да лета со својот авион, а својот Андроид телефон ќе мора да го замени со мобилен уред, кој Обама го нарече “детска играчка”. Доналд Трамп ја презема функцијата на можеби најмоќниот човек во светот, која носи голема одговорност и бенефиции, но и рестрикции кон кои мора да се придржува. Имено, тој повеќе не смее да лета со својот омилен авион – истиот ќе биде заменет со Air Force One, а забрането му е и користење на досегашниот паметен телефон. Така, тој ќе мора да го исклучи својот омилен Galaxy телефон, а за негова замена ќе добие нов и неименуван, шифриран модел, кој е одобрен од американската тајна служба. Неговиот телефонски број ќе биде достапен само за неколкумина “среќници” на светот. Наводно, еден од најголемите стравови на Трамп била изолацијата, бидејќи тој се плашел дека нема да може повеќе да комуницира со луѓето како што комуницирал за време на неговата кандидатура. Иако нема никакви податоци за телефонот кој тој ќе го користи, Обама во едно интервју изјавил како изгледа претседателскиот телефон – како “играчка на тригодишно дете”, со која не можете да фотографирате, слушате музика ниту праќате пораки. Бившиот претседател на САД, исто така признава дека, со обѕир на тоа што обожава технологија, бил љубоморен на својата жена и децата и нивните “кул” телефони кои тие ги користеле, а поради сигурносни причини – на него му биле забранети. Во еден говор, во 2013. година, тој изјавил како му било забрането да користи iPhone, а тогашните гласини велеле дека во Белата куќа се тестираат паметните телефони на компаниите Samsung и LG. Сепак, според AP, Обама поседувал уште еден телефон со кој постирал објави на Твитер – информација која со сигурност ќе го развесели Трамп, познавајќи ја неговата “љубов” кон оваа социјална мрежа.


Трамп повеќе не смее да лета со својот авион, а својот Андроид телефон ќе мора да го замени со мобилен уред, кој Обама го нарече “детска играчка”.

Доналд Трамп ја презема функцијата на можеби најмоќниот човек во светот, која носи голема одговорност и бенефиции, но и рестрикции кон кои мора да се придржува.




Имено, тој повеќе не смее да лета со својот омилен авион – истиот ќе биде заменет со Air Force One, а забрането му е и користење на досегашниот паметен телефон. Така, тој ќе мора да го исклучи својот омилен Galaxy телефон, а за негова замена ќе добие нов и неименуван, шифриран модел, кој е одобрен од американската тајна служба. Неговиот телефонски број ќе биде достапен само за неколкумина “среќници” на светот.

Наводно, еден од најголемите стравови на Трамп била изолацијата, бидејќи тој се плашел дека нема да може повеќе да комуницира со луѓето како што комуницирал за време на неговата кандидатура. Иако нема никакви податоци за телефонот кој тој ќе го користи, Обама во едно интервју изјавил како изгледа претседателскиот телефон – како “играчка на тригодишно дете”, со која не можете да фотографирате, слушате музика ниту праќате пораки.



Бившиот претседател на САД, исто така признава дека, со обѕир на тоа што обожава технологија, бил љубоморен на својата жена и децата и нивните “кул” телефони кои тие ги користеле, а поради сигурносни причини – на него му биле забранети. Во еден говор, во 2013. година, тој изјавил како му било забрането да користи iPhone, а тогашните гласини велеле дека во Белата куќа се тестираат паметните телефони на компаниите Samsung и LG.

Сепак, според AP, Обама поседувал уште еден телефон со кој постирал објави на Твитер – информација која со сигурност ќе го развесели Трамп, познавајќи ја неговата “љубов” кон оваа социјална мрежа.

No comments

Powered by Blogger.