Ахмети нарачал анкета која покажала дека скоро 90 отсто од Албанците се против Груевски

Пишува: Фокус

Антигруевистичкото расположение кај Албанците бил пресуден елемент поради кој ДУИ одлучи да се отргнува од ВМРО-ДПМНЕ и да се приближува кон СДСМ, што треба да се финализира со формирање на влада меѓу двете партии на чело со лидерот на социјалдемократите Зоран Заев.

Како што дознава Фокус, „интегративците“ нарачале анкета, која покажала дека скоро 90 отсто од Албанците биле против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, која ги поништила сите други аргументи „за“ продолжување на досегашната владина коалиција меѓу ДУИ и ДПМНЕ.

-Дури 88 отсто од Албанците беа против коалиција со Груевски, додека другите 12 отсто беа во најголем дел незаинтересирани за политика. Па, ако повторно одевме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, на следните избори ќе доживееме дебакал и тоа ќе беше вовед во распад на ДУИ – вели висок функционер од партијата на Али Ахмети.

Тој додава дека принципот „победник со победник“, фактот што ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови севкупно, ама и повеќе гласови кај Македонците, како и бројките кои би им овозможиле да формираат влада без трета албанска партија или коалиција (Алијанса на Албанците), оделе во прилог на продолжување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Но, фактот дека Албанците се доминантно настроени против ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, ги анулирал сите овие аргументи и ја свртел партијата кон СДСМ, а, спроед нашиот соговорник, во таа насока уште придонела оценката дека меѓународната заедница, претставена од САД и ЕУ, поддржуваат реформска и проевропска влада, додека ДПМНЕ почнала да се приближува кон Русија.

В.С. / Фокус

No comments

Powered by Blogger.