Исповед на сибирскиот „врколак“: „Да, силував и убив 82 жени, но бев добар татко и сопруг!“

Пишува; Toчка

Михаил Попков, или попознат како убиецот „Врколак“, и` рекол на полицијата дека своевремено бил добар сопруг, како и дека успешно ја извршувал работата на полицаец. Сепак, во периодот од 1992 до 2010 година, овој човек убил 82 жени.

Попков, кој ја силувал речиси секоја од своите жртви, кои биле на возраст помеѓу 17 и 38 години, на сослушувањето инсистирал на величење на својата фигура, претставувајќи се како семеен човек.

„Имав семејство. Мојата сопруга и ќерка ме сметаа за добар сопруг, односно татко“, истакнал Попков. Освен тоа, тој истакнал дека бил угледен и правичен полицаец кој ги добивал сите пофалби за својата работа.

„Никогаш не помислив за себе дека сум ментално нестабилна личност. За време на службата, редовно поминував низ медицински анализи со оценка дека сум способен и урамнотежен“, рекол тој.


Сепак, во сведочењето, Попков рекол дека водел двоен живот, пишува „Daily Mail”.

„Во едниот живот бев сосема обична личност. Во другиот живот ги извршив убиствата кои внимателно ги криев од сите, сфаќајќи дека тие се кривично дело“, изјавил убиецот.

Во изјавата, Попков објаснил на кој начин го спроведувал 18 години долгото владеење на својот терор во Иркутск во Сибир.

Имено, тој се прикривал зад улогата на полицаец, нудејќи им на своите идни жртви превоз со полициски автомобил до нивниот дом, пред да ги одведе на одредена локација каде што ги силувал и потоа ги убивал.


Попков, кој на претходното сослушување се бранел дека на овој начин сакал да ги „исчисти“ улиците од „проститутки“, исто така се обидел да го одбрани својот нагон за убивање.

„Жртвите беа жени без придружба на мажи, навечер, без некоја особена причина зошто се на улица во тој период од денот, се однесуваа без никаква внимателност, опуштено. Не се плашеа да започнат разговор со мене, влегуваа во мојот автомобил и потоа се упатувавме во потрага по авантура. Поради чиста забава, беа подготвени да пијат алкохол со мене и да имаме секс. Не беа сите жени жртви, но оние кои беа невоспитани, сакав да ги научам лекција и да ги казнам“, му рекол Попков на судијата.

Оружјата со кои ги извршувал убиствата ги земал од полицијата, а потоа, по злосторството, ги фрлал во близина на самото место на злосторството со избришани отпечатоци.



„Изборот на оружјето за убивање беше многу опуштено. Никогаш не се подготвував премногу за убиствата. Во принцип, можев да искористам било кој предмет кој беше во автомобилот: нож, секира, палка. Никогаш не ги давев жртвите со јаже, на пример, ниту некогаш сум користел огнено оружје. Исто така, никогаш не сум им го вадел срцето на жртвите“, објаснувал Попков во својата одбрана.

За своето апсење ја обвинил модерната технологија.

„Јас сум роден во минатиот век. Сега постојат толку многу модерни технологии и методи кои, за жал, можат да утврдат ДНК, но порано не постоеја. Ако не го достигневме ова ниво на генетски испитувања, морам да ви кажам дека тогаш не би седел тука пред вас“ , изјавил Попков.



Попков бил уапсен во јануари 2015 година, откако признал дека убил 22 жртви. Сепак, полицијата продолжува да истражува и набрзо сфатиле дека тој не запрел да убива во 2000 година, како што изјавил, бидејќи наводно станал импотентен добивајќи полова болест од една од неговите жртви.

Во јануари оваа година полицијата објавила дека уште 59 убиства ги поврзале со Попков.

На крајот му биле додадени 60 убиства кои заедно со првобитните 22 сочинуваат шокантна бројка од 82 убиства, што го прави најмасовниот сериски убиец кој „оперирал“ за време на Советска Русија, пишува „The Sun”.

No comments

Powered by Blogger.