Вештачки острови ќе произведуваат струја за 80 милиони луѓе

Овој амбициозен проект со заеднички сили планираат да го спроведат Данска, Холандија и Германија, а подразбира изградба на вештачки острови во Северното море кои би поседувале ветерници и соларни панели. Со ова, во иднина би можело да се обезбеди електрична енергија за дури 80 милиони луѓе.

Данските и германските компании „Тенет“ и „Енерџинет“, на 23. март во Брисел, треба да потпишат договор за креирање на одбор кој би се посветил на остварување на овој амбициозен план.

На островот би се наоѓале пристаниште, авионска писта и домови за вработените кои би биле задолжени за обезбедување на планираните резерви на произведената енергија.



„Можеби самата идеја за овој остров звучи како научна фантастика, но ова би можело значително да ги намали трошоците за производство на ветерна енергија“– вели техничкиот директор на Енерџинет, Торбер Глар Нилсен.

Енергијата произведена на овие острови би требало да се пренесува со подводни кабли до Велика Британија, Холандија, Германија, Данска и Белгија.

“Енергијата која ја произведува ветрот и соларната енергија меѓусебно се менуваат во зависност од годишното време – од пролет до есен има повеќе сонце, а есента и зимата се по правило поветровити. Оттаму и идејата за ветерници и соларни панели” – вели Мек Крун, директор на компанијата “Тенет”.

Брегот Dogger е избран поради идеалната локација, бидејќи се наоѓа во релативно плитки води и има оптимални ветрови, пишува Independent.

No comments

Powered by Blogger.