Нашиот северен сосед лежи на 7 милијарди долари: Во Србија откриено најголемо наоѓалиште на злато во светот!


Огромни природни богатства крие Србија, а кај Бор било пронајдено лежиште чија вредност се проценува на дури седум милијарди долари, пишува српски "Kurir".
Канадската компанија "Невсун" до крајот на годината ќе започне со подготовките за отворање на рудник за бакар и злато во реонот Чукару пеки, кај Бор.

Овој рудник се смета за потенцијално најбогатото наоѓалиште на тие метали на планетата.

"Очекуваме наскоро да ги завршиме истражувањата за изводливоста, по што, во последниот квартал од 2017-тата година, ќе започнеме со подготовки за отворање на рудникот, кој би се експлоатирал по подземен пат", рекол Клиф Дејвис, претседател на "Невсун'".


"Нашиот план е брзо да го развиеме тој рудник, кој во целост би требало да стане оперативен во 2021-та година", додал тој.

Инаку, според прелиминарните економски истражувања, работени по метода позната под името "зрно грашок", вредноста на лежиштето кај Бор се проценува на седум милијарди долари. Во прелиминарното економско истражување се наведува и дека трошоците за отворањето на рудникот би требало да изнесуваат до 500 милиони долари. Исто така, недвосмислено се наведува дека тоа лежиште, во овој момент, е најбогат светски ресурс на бакар и злато.


Како олеснителен факт, во прелиминарното економско истражување се наведува дека близината на погонот на преработка на руда во Рударско-топилничарскиот басен Бор, како и новата, најсовремена топилница изградена во рамките на тоа претпријатие, дополнително влијаеле на пониските цени и преработката на рудата од лежиштето на Чукару пеки. Се наведува и дека од експлоатацијата на рудникот Србија би собирала пет процени нето приходи од таксите за користење на минералните сировини, како и дополнителни 15 проценти за данок.

Сепак, според проценките на експертите, мал е бројот на компаниите кои би можеле да проголтаат толку крупен залак. Меѓутоа, една од корпорациите која би можела тоа да го направи, без сомнение, е "Рио Тинто", една од најмоќните рударски корпорации во светот.


Поради тоа, не би било изненадување "Невсун" токму таа компанија да ја воведе во бизнисот. Тука се установени почетни ресурси од 1,7 милиони тони бакар и 98 тони злато.

No comments

Powered by Blogger.